Сеќавање на ликот и делото на неодамна починатиот американски музичар Lou Reed и неговиот некогашен бенд Velvet Underground ќе се одржи оваа сабота (16 ноември) во Absinthe House во Старата скопска чаршија.
Музиката на големиот рокенрол поет ќе ја избере Јане Алтипармаков (OffPop/Kanal 103), а покрај делата на Reed, ќе може да се слушне и музика од низа артисти и групи кои творат под негово влијание: Television, Richard Hell, New York Dolls, Patti Smith, Talking Heads, Blondie, Ramones, Suicide, Sonic Youtn, Iggy and The Stooges, David Bowie итн.