Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии.
Според конкурсот на МОН беа предвидени 3.000 стипендии. Сите категории стипендии се доделуваат за 9 месеци во текот на студиската година и се во износ од 6.050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и оние за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки, кои изнесуваат 18.000 денари месечно.
Како што посочија од МОН, секој добитник на стипендија го симнува и пополнува во три примероци соодветниот договор за стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка го доставува до МОН, директно преку писарницата во министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје) oд 2 јануари до 18 јануари.
Договорите можат да се најдат на овој ЛИНК.
„Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, се замолуваат кандидатите да не ги доставуваат приговорите пред да го добијат решението за одбивање“, посочија од МОН.
Резултатите од конкурсот, поделени по групи можат да се погледнат на следниве линкови:
Прва група – стипендии за редовни студенти од социјални категории
Втора група – стипендии за студенти со висок просек (државни универзитети)
Втора група – стипендии за студенти со висок просек (приватни универзитети)
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (државни универзитети)
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по информатика (приватни универзитети)
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по физика
Стипендии за студенти запишани на студиски програми по математика
Трета група – приватни универзитети
Трета група – државни универзитети