Австралија го забрани нацистичкиот поздрав

Нацистичкиот поздрав и поврзаните симболи на омраза се криминализирани во Австралија, јавува Ал Џазира. Усвоениот закони со кој се забранува поздравот, нацистички сувенири и прикажувањето или продажбата на симболи поврзани со терористички групи стапи на сила денеска.

„Сега е незаконско да се изведува нацистички поздрав во јавност или пак да се прикажуваат или да се тргуваат нацистички симболи на омраза. Новите закони исто така гарантираат дека величењето акти на тероризам се кривични дела“, рече државниот обвинител Марк Драјфус.

Законот е воведен во услови на пораст на антисемитски инциденти и злосторства од омраза, поттикнати од војната меѓу Израел и Хамас.