МОН: Нов повик за финансиска поддршка за учениците, оние што веќе се пријавиле во декември, не треба повторно да конкурираат

Министерството за образование и наука (МОН) објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември,
лани.

„Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат. Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари“, велат од МОН.

Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година.

Јавниот повик е достапен овде.