Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“, Владата започна со медиумска кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на земјата која чини околу 350 илјади евра. Социјалните мрежи се преплавени со рекламни пораки во време кога некои анкети покажуваат дека поддршката за Европската Унија кај граѓаните во Македонија е во опаѓање. Дополнително, времето на пласирање на кампањата некои ја сметаат за проблематична, затоа што доаѓа во предизборен период.
Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се преплавени со реклами, односно промотивни пораки, фотографии и видеа кои, меѓудругото, се фокусираат на економските придобивки, реформата на енергетскиот сектор, европскиот пазар и економијата, како и земјоделството.
Ваквите пораки се во склоп на медиумската кампања на Владата за придобивките од евроинтеграцискиот процес на земјата.
Рекламите на кои наидовме се спонзорирани од две Фејсбук страници, односно главната страница на Владата на Република Северна Македонија, но и новата наменска страница за кампањата Европска иднина која е создадена на 12 декември, минатата година.
Она што е заедничко за рекламите на кои наидовме деновиве на Фејсбук е дека со рекламите генерално се таргетираат луѓе од 18 до 59 години, со примарна локација во Македонија.
Радио МОФ испрати прашања до Владата меѓудругото и во однос на тоа која е потребата за кампањата, на кој начин се одвива и до кога е предвидена да трае, но, до објавување на текстот не добивме одговор и покрај нашето инсистирање.
Според информациите кои се достапни на Електронскиот систем за јавни набавки, Владата на 8 ноември склучила договор со Друштвото за филмска продукција Вертиго-НМЕ во вредност од 21.826.878 денари, односно околу 354 илјади евра. Кампањата на Владата која започна на 19 декември е предвидено да трае 45 дена, односно до 1 февруари.
Според договорот, најмногу средства – околу 2.8 милиони денари се предвидени за изработка на ПР стории, интервјуа, соопштенија, настани, подготовка и дистрибуција на комуникациски материјали до медиумите со цел промоција на кампањата.
Значителна сума од околу 880 илјади денари е предвидена и за закуп на позиции за надворешно рекламирање, додека најмалку финансии – околу 92 илјади денари е предвидено за изработка на 30 графички решенија за социјални мрежи.
Она што јавно го соопшти Владата на 19 декември минатата година е дека започнува медиумска кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на земјата.
Според нив, кампањата исто така има за цел да овозможи и подобро разбирање на реформите поврзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности. Кампањата е предвидено да се спроведува преку панел дискусии, информативни видео спотови, видео анимации, реклами на билборди и дигитална содржина за социјалните мрежи.
Како што наведоа тогаш од Владата, кампањата е фокусирана на пет области, економија, земјоделство, животна средина и ресурси, демократија и владеење на правото и млади.
„Кампањата е во спорен период“
Постојаното информирање на јавноста е потребно за тоа што значи процес на европска интеграција, кои се придобивките, каде се користат парите на Европската Унија и на што тие придонесуваат, смета Зоран Нечев, Раководител на центарот за европски интеграции при Институтот за демократија „Социетас цивилис“.
Но, како што нагласува Нечев, имајќи го предвид специфичниот тајминг во кој оваа кампања се остварува, може да се постави и прашањето дали ова може да се сфати и како некој вид предизборна кампања.
Тој се навраќа и на неколку круцијални прашања кои произлегоа од процесот на европска интеграција, како Францускиот предлог, за кој вели дека тогаш немало ваква кампања, односно дека се одржале само паралелни дебати помеѓу граѓански организации, експерти и претставници на Владата.
„За такви круцијални прашања од процесот на европска интеграција, отворени јавни или друг вид на дебати, не беа водени, или кампања целосна за информирање на јавноста не беше водена, а сега имаме кампања небаре на неколку месеци пред избори, со која што треба да се утврдат во еден правец, за да се кажат кои се придобивките, ама од друга страна да се нагласат, како што пишува и на нивниот веб-сајт – кои се оние елементи кои што Владата ги направила во изминатиот период. Така да, целиот тајминг на спроведување на оваа кампања е сомнителен, да кажеме спорен во најмала рака, споредбено со некои моменти од нашиот процес на европска интеграција кога ваква кампања недостасуваше“, дециден е Нечев.
Веќе за на пролет, односно на 24 април и 8 мај, закажани се претседателски и парламентарни избори, а на нив ќе се „тркаат“ и некои партии кои го носат „европскиот“ предзнак. Деновиве предвидено е да се финализираат кадровските промени во техничката влада која ќе функционира во наредните 100 дена, до парламентарните избори.
Предизборната кампања, според Изборниот законик трае 20 дена, а имајќи го предвид датумот закажаниот датум за парламентарните избори, таа би завршила кон средината на април.
Кампањите прецизно да се насочуваат
Запрашан за тоа колку ваквите кампањи можат да бидат ефективни, Нечев упатува кон самите нејзини креатори – Владата. Но, во меѓувреме и повлекува паралели околу она што го истражувале во изминатите години.
Во континуитет, како што посочува тој, голем процент од граѓаните, односно половина од нив препознаваат кој е најголем донатор во Македонија. Оттука, тој вели дека доколку се пристапува кон една кампања сериозно, таа не треба да биде насочена кон тоа да се информира дека ЕУ „дава пари“, бидејќи очигледно тоа го препознаваат одреден број луѓе.
„Што значи, ако ти е тебе целта на кампањата да го подигнеш тој број, засега не резултира, бидејќи имаме стандарден број на луѓе кои што го препознаваат дека е најголем донатор, а од друга страна, ако целта не е за препознавање, тогаш треба насоката на целата кампања да биде кон одредените реформи кои што се прават поврзани со, или со парите кои што ги добиваме. Затоа што таму имаш многу општи флоскули – здрава животна средина, по европски стандард. Што тоа и да значи. Ти викаш дека тоа го правиме со ЕУ пари, а во исто време рушиш рекорди како држава по загаденост на воздух, не само во Европа, туку во светот. Ако така го земеш, што е целта, или другото беше за младите – ‘подобра иднина за младите по европски стандарди’, а во суштина рушиш рекорди по процентуална застапеност на младите што сакаат да си заминат од државата во моментот кога ќе завршат студии“, вели Нечев.
Раководителот на центарот за европски интеграции е дециден дека на крајот на кампањата мора да има отчет за неа и да се види дали биле постигнати некакви резултати со неа, бидејќи сепак се работи за државни пари.
Нечев смета дека за кампањите треба да утврдат начин, односно цели кои ја надминуваат моменталната состојба, ако се има предвид наративот дека сите потенцираат како процесот на ЕУ е долготраен и е подолг од мандатот на една влада.
„Не да биде за утре, туку таа кампања да има некоја одредена цел која што може да ја постигне после одредено време, затоа што на пример, младите да не ти заминуваат, акутен проблем ти е тебе во државата. Не е дека сега е тоа така, тоа се влече од претходно, ама имаме и влошување, тие кампањи треба да бидат насочени кон тоа, ама тоа треба да помине не само на оваа Влада, туку и во иднина. Така да, треба континуитет да има во тие кампањи“, вели Нечев.
Поддршката за пристапување кон Европската Унија во пад, според анкетите на ИДСЦС
Поддршката за пристапување кон Европската Унија минатата година била најмала досега, од кога ИДСЦС спроведува анализи за јавното мислење за македонскиот процес на пристапување.
Во период од 9 години, поддршката за пристапување е намалена за цели 20%, па така во 2023 година, 60% од анкетираните граѓани би гласале „За“ доколку хипотетички следната недела би се одржал референдум за членство на земјава во ЕУ.
Доброто во целата работа е што намалувањето на поддршката за ЕУ не значи зголемување на евроскептицизмот, дециден е Нечев.
„Оние што се европскептични, а тие се околу 12% од население, тие си остануваат евроскептици. Значи намалувањето на поддршката не значи префрлување во евроскептицизам, туку е зголемување на оние гласачи кои што се комплетно апатични, што им е ирелевантно, небитно им станува, што исто така е лошо. Значи не се против, тие не стануваат против Европската Унија и членството на државата, ама се ‘whatever’“, вели Нечев.
„Таа апатичност, посебно наша, како општество може да биде многу лоша, зошто после тоа може да наведе и на лоша трака, тоа е целата работа и сега таа апатичност е зголемена во изминатите три години за приближно 30%, што значи дека скоро една третина од население, тоа е значајна бројка“, смета Нечев.
Тој истакнува дека анкетата покажала дека 53% од младата популација на возраст од 18-24 години го поддржува членството во ЕУ, додавајќи дека тоа е на граница.
„Тоа значи дека целокупното население претпоставувам што е постаро, е повеќе заинтересирано за членство отколку младите. Врз база на овие бројки, ти можеш да направиш прекрасна кампања, ако не ти е целта само да ги потрошиш парите или да ги наведеш на одредени работи, ама тоа е дали некој навистина така го гледа ова“, вели Нечев.
Причините се далекусежни, па тука влегува континуираната блокада на Грција, а откако се потпишува Преспанскиот договор, ентузијазмот за членството во Унијата расте, но потоа повторно се намалува со „сопката“ од Бугарија.
„Не можеш да ги обвиниш луѓето. 30 години им викаме решете го проблемот со Грција, чист ви е патот. Решен проблемот со Грција, на нареден чекор – нова сопка. Значи тој кредибилитет што го има ЕУ е срозен. И сега, првично што направи, плус, на тоа е срозен целата доверба на македонските граѓани во сопствените институции. Таа недоверба станува се поголема и поголема, и тоа се ефектуира. Затоа што на анкетата покажува дека многу од овие работи кои треба да ги направиме се внатрешни работи“, посочува Нечев.
Најголемото фалење на ЕУ е ако државата спроведува реформи и закони кои што се по европски стандарди, дециден е тој.
Мартин Колоски
-
Përmes një fushate prej 350 mijë euro, Qeveria forcon sentimentin ndaj Bashkimit Evropian
Nën moton “Ardhmëri evropiae, më afër se kurdoherë”, Qeveria filloi me një fushatë mediatike për për përfitimet nga procesi eurointegrues i vendit, e cila kushton rreth 350 mijë euro. Rrjetet sociale janë të mbushura me porosi reklamuese në një periudhë ku disa anketa tregojnë se mbështetja për Bashkimin Evropian te qytetarët në Maqedoni është në rënië. Për më tepër, periudhën e plasimit të fushatës disa e vlerësojnë si problematike, sepse vvjen në periudhë parazgjedhore.
Rrjetet sociale Facebook dhe Instagram janë të mbushura me reklama, përkatësisht porosi promotive, fotografi dhe video të cilat, mes tjerash fokusohen në përfitime ekonomike, reformën e sektorit energjetike, tregun evropian dhe ekonominë, si dhe bujqësinë.
Porositë e këtila janë në kaudër të fushatës mediatike të Qeverisë ër përfitimet nga procesi eurointegrues i shtetit.
Reklamat të cilat i hasëm janë të sponsorizuara nga dy faqe në Facebook, përkatësisht faqja kryesore e Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, por edhe faqja e re e dedikuar për fushatësn Ardhmëri Evropiane, e cila është ktijuar më 12 dhjetor, vitin e kaluar.
Ajo që është e përbashkët e reklamave në të cilat hasëm këto ditë në Facebook është se, me reklamat në përgjithësi targetohen njerëz të moshën prej 18 deri në 59 vjeç, me lokacion prima në Maqedoni.
Radio MOF dërgoi pyetje në Qeveri mes tjerash edhe në lidhje me atë se, cila është nevojae fushatës, në çfarë mënyrë zhvillohet dhe deri kur është paraparë që të zgjasë, por deri në publikimin e tekstit nuk morëm përgjigje edhe përkrah insistimit tonë.
Sipas informatave që janë të qasshme në sistemin elektronik për furnizime publike, Qeveria më 8 nëntoor ka lifhur marrëveshje me Shoqatën për produksion filmik Vertigo-NME në vlerë prej 21.826.878 denarëve, përkatësisht rreth 354 mijë euro. Fushata e Qeverisë e cila filloi më 19 dhjetor është paraparë të zgjasë 45 ditë, përkatësisht deri më 1 shkurt.
Sipas marrëveshjes, më shumë mjete – rreth 2.8 milionë denarë janë paraparë për përgatitjen e storjeve PR, intervista, kumtesa, ngjarje, përgatitje dhe distribuim të materialeve komunikative deri te mediat, me qëllim promovimin e fushatës.
Një shumë e konsierueshme prej rreth 880 mijë denarë është paraparë edhe për qira të pozicioneve për reklamim të jashtëm, derisa më pak financa – rreth 92 mijë denarë janë paraparë për përgatitje të 30 grafike për rrjete sociale.
Atë që qeveria e kumtoi publikisht më 19 dhjetor të vitit të kaluar, është se filloi fushata mediatike për përfitimet e procesit eurointegrues të vendit.
Sipas tyre, fushata gjithashtu ka për qëllim të mundësojë edhe kuptimm më të mirë të reformave të lidhura me eurointegrimet dhe afrimit ndaj vlerave evropiane. Fushata është paraparë të zbatohet përmes panel diksutimeve, video spoteve informative, video animacioneve, reklama në bilborde dhe përmbajtje digjitale për rrjete sociale.
Siç thanë atëherë nga Qeveria, fushata është e fokusuar në pesë fusha, ekonomi, bujqësi, mjedis jetësor dhe resurse, demokraci dhe sundim i ligjit dhe të rinjtë.
“Fushata është në periudhë kontestuese”
Informimi i vazhdueshëm i opiniionit është i nevojshëm për atë se, çfarë nënkupton procesi i integrimit evropian, cilat janë përfitimet, ku shfrytëzohenn paratë e Bashkimit Evropian dhe për çfarë kontribuojnë ato, vlerëson Zoran Neçe, udhëheqës i qendrës për integrime evropiane në Institutin ër Demokraci “Societas civilis”.
Por, siç thekson Neçev, duke pasur parasysh tajmingun specifik në të cilin realizohet kjo fushatë, mund të parashtrohet edhe pyetja nëse kjo mund të kuptohet edhe si ndonjë lloj e fushatës parazgjedhore.
Ai flet edhe për disas çështje kruciale që dolën nga procesi i integrimit evropian, si propozimi francez, për të cilin thotë se, atëherë nuk ka pasur fushatë të këtillë, përkatësisht se ka pasur vetëm debate paralele mes organizatave qytetare, ekspertëve dhe përfaqësuesve të Qeverisë.
“Për çështje të tilla kruciale nga procesi i integrimit evropian, nuk u zhvilluan debate të hapura publike apo lloje të tjera të debateve, apo fushatë e tërë për informimin e opinionit, ndërsa tani kemi fushatë disa muaj para zgjedhjeve, me të cilën duhet të përcaktohen në një drejtim, që të tregohen përfitimet, megjithatë nga ana tjetër të theksohen, siç shkruan edhe në ueb faqen e tyre – cilat janë ato elemente të cilat i ka bërë Qeveria në periudhën e kaluar. Kështu që, i gjithë tajmingu i zbatimit të kësaj fushate është i dyshimtë, të themi kontestues më e pakta, në krahasim me disa momenti nga procesi ynë i integrimit evropian kur një fushatë e këtillë mungonte”, është decid Neçev.
Tashmë për në pranverë, përkatësisht më 24 prill dhe 8 maj, janë caktuar zgjedhje presidenciale dhe parlamentare ndërsa në to do të “garojnë” edhe disa parti që mbajnë shenjën “evroppiane”. Këto ditë është paraparë që të finalizohen ndryshimet kadrovike në qeverinë teknike e cila do të funksionojë në 100 ditët e ardhshme, deri në zgjedhjet parlamentare.
Fushata parazgjedhore sipas Kodit Zgjedhor zgjat 20 ditë, ndërsa duke pasur parasysh datën e caktuar për zgjedhjet parlamentare, ajo do të përfundonte kah mesi i prillit.
Fushatat të orientohen në mënyrë precize
I pyetur për atë se sa mund të jenë efektive fushatat e këtilla, Neçev u referohet vet kreatorëve të tyre – Qeverisë. Por, në ndërkohë edhe tërheqë paralele rreth asaj që ka hulumtuar viteve të fundit.
Në vazhdimësi, siç thekson ai, përqindje e madhe e qytetarëve, përkatësisht gjysma prej tyre e dinë kush është donatori më i madh në Maqedoni. Prandaj, ai thotë se, nëse një fushatë trajtohet seriozisht, ajo nuk duhet të jetë e orientuar drejt asaj që të informohet se BE “jep para”, sepse është e dukshme se atë e dinë numër i caktuar i njerëzve.
“Që do të thotë, nëse qëllimi yt i fushatës është që të rrisësh këtë numër, tani për tani nuk rezulton, sepse kemi një numër standard të njerëzve të cilët e din se cili është donatori më i madh, ndërsa nga ana tjetër, nëse qëllimi nuk është që ta dinë këtë, atëherë orientimi i gjithë fushatës duhet të jetë ndaj reformat e caktuara të cilat bëhen në lidhje me atë, ose me paratë që i marrim. Sepse aty ka shumë lajthitje të përgjithshme – ambient jetësor i shëndetshëm, standard më evropian. Çfarë do që të thotë ajo. Ti thua se atë e bëjmë me para të BE-së, ndërsa në të njëjtën kohë thyen rekorde si shtet në ndotjen e ajrit, jo vetëm në Evropë, por në botë. Nëse e merrni ashtu, cili është qëllimit, apo tjetra që ishte për të rintjë – “ardhmëri më e mirë për të rinjtë sipas standardeve evropiane”, ndërsa në të vërtetë thyen rekorde në përqindje e të rinjve që duan të ikin nga shteti në momentin kur të mbarojnë studimet”, thotë Neçeve.
Udhëheqësi i qendrës për integrime evropiane është decid se, në fund të fushatës duhet të ketë llogaridhënie për atë dhe të shihet nëse është arritur ndonjë rezultat me atë, sepse megjithatë bëhet fjalë për papra shtetërore.
Neçev vlerësoon se, për fushatën duhet të përcaktojnë mënyrë, përkatësisht qëllime që do ta tejkalojnë gjendjen momentale, nëse kihet parasysysh narrative se, të gjithë potencojnë se procesi i BE-së është afatgjatë dhe më i gjatë se mandati i një qeverie.
“Të mos jetë për nesër, por ajo fushatë të ketë një qëllim të caktuar të cilin mund ta arrijë pas një kohe të caktuar, sepse për shembull, të rinjtë të mos ikin, këtë e ke problem akut në shtet. Nuk është se kjo është tani kështu, kjo zvarritet prej më herë, nëse kemi përkeqësim, ato fushata duhet të orientohen drejt asaj, por ajo duhet të kalojë jo vetëm në Qeveri, por edhe në të ardhmen. Kështu që, duhet të ketë vazhdimësi në ato fushata”, thotë Neçev.
Mbështetja për anëtarësim në Bashkimin Evropian në rënie, sipas anketave të IDSCS
Mbështetja për anëtarësim drejt Bashkimit Evropian vitin e kaluar ka qenë më e ulëta deri më tani, prej kur IDSCS realizon analiza për opinionin publik për procesin e anëtarësimit të Maqedonisë.
Në periudhë prej 9 vitesh, mbështetja për anëtarësim ësht ëulur për 20%, kështu që në vitin 2023, 60% e të anketuarve do të votonin “për”, nëse hipotetikisht javën e ardhshme do të mbahej referendum për anëtarësim të vendit në BE.
E mira e gjithë kësaj çështje është se, ulja e mbështetjes për BE nuk do të thotë rritje e euroskepticizmit, është decid Neçev.
“Ata të cilët janë euroskeptik, ndërsa ata janë rreth 12% të popullsisë, ata mbesin euroskeptik. Do të thotë ulje e mbështetjes nuk do të thotë zhvendosje në euroskepticizëm, por ëhtë rritje e atyre votuesve të cilët janë tërësisht apatik, për të cilët është irelevante, u bëhet e parëndësishme, që gjithashtu është keq. Do të thotë nuk janë kundër, ata mbesin kundër Bashkimit Evropian dhe anëtarësimit të shtetit, por janë ‘whatever’“, thotë Neçev.
“Ajo apati, posaçërisht e jona, mund të jetë shumë e keqe si shoqëri, sepse pas asaj mund të çojë edhe në rrugë të gabuar, ajo është e gjithë çështja dhe tani ajo apati është rritur në tri vitet e fundit për afërsisht 30%, që do të thotë pothuajse një e treta e popullsisë, ky është numër i konsiderueshëm”, vlerëon Neçev.
Ai theksoi se, anketa ka treguar se, 53% e popullsisë së re e moshës prej 18-24 vjeç e mbështesin anëtarësimin në BE, duke shtuar se, ai është kufiri.
“Kjo do të thotë se, popullsia e përgjithshme, supozoj, e cila është më e vjetër, është më shumë e interesuar për anëtarësim se sa të rinjtë. Në bazë të këtyre numrave, ti mund të bësh fushatë të shkëlqyer, por të mos kesh për qëllim vetëm t’i harxhosh paratë apo t’i drejtosh në gjëra të caktuara, por ajo është a e sheh dikush këtë në të vërtetë ashtu”, tha Neçev.
Arsyet janë të gjëra, dhe këtu hyn bllokada e vazhdueshme e Greqisë, më pas pasi u nënshkrua Marrëvesha e Prespës, entuziazmi për anëtarësim në Union u rrit, por më pas u ulë përsëri me “gungën” nga Bullgaria.
“Nuk mund t’i fajësosh njerëzit. 30 vite u themi zgjidhni problemin me Greqinë, rrugën e keni të pastër. U zgjidh problemi me Greqinë, në hapin e ardhshëm – gungë e re. Do të thotë ai kredibiitet që e ka BE është i brishtë. Dhe tani, fillimisht atë çfarë bëri, plus, në të bazohet gjithë besimi i brishtë i qytetarëve maqedonas në institucionet e veta. Ai mosbesim po bëhet gjithnjë e më i madhe dhe ka një efekt. Sepse në anketë tregon se, shumë prej këtyre gjërave që duhet t’i bëjmë janë çështje të brendshme”, thekson Neçev.
Lavdërim më i madh i BE-së është nëse shteti zbaton reforma dhe ligje që janë sipas standardeve evropiane, është decid ai.
Martin Koloski