Убиен е обвинителот кој го истражуваше упадот во телевизиското студио во Еквадор минатата недела, пренесува „Би-Си-Би“.
Сезар Суарез беше застрелан во средата во пристанишниот град Гвајакил, изјави јавниот обвинител. Се’ уште не е јасно дали смртта на Суарез е поврзана со неговата истрага за нападот во ТВ студиото.
За време на инцидентот минатата недела, маскирани лица упаднаа во ТВ студио за време на програма во живот и се закануваа со пиштол на новинарите кои беа внатре.
На сликите од преносот во живо се гледаше новинарот Хозе Луис Калдерон додека ги моли вооружените напаѓачи, додека персоналот е принуден да лежи на подот во студиото. Еден снимател беше застрелан во нога, додека на друг му беше скршена раката, изјави заменикот директор на вестите.
Локалните медиуми пишуваат дека Суарез е застрелан додека возел во близина на неговата канцеларија. Неидентификуваната снимка на социјалните мрежи исто така покажува возило со дупки од куршум на прозорецот.
Еден ден пред убиството, Суарез во интервју за весникот „Ел Универсо“ изјави дека не добил полициска заштита и покрај тоа што ги испрашувал 13-те вооружени лица кои упаднаа во ТВ студиото.
Неговото убиство е последното во серијата инциденти на насилство во Еквадор што беа забележани откако двајца водачи на криминални банди избегаа од затвор. Како одговор на ова претседателот Даниел Нобоа прогласи 60-дневна вонредна состојба и ѝ нареди на војската да „неутрализира“ 22 вооружени групи кои тој ги дефинираше како терористички организации.
Вооружени напаѓачи упаднаа во телевизиско студио во Еквадор за време на програма во живо