Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Една од главните причини зошто идните студенти посакуваат да излезат од државата и да студираат во најблиското соседство, во поширокиот Балкан или подалеку во Европа, е тоа што универзитетите и факултетите таму се претставени како нешто, можеби не утопија, но свет каде еден млад човек може да просперира. За разлика од кај нас, каде тоа некако недостасува.
Ова вчера го изјави Давид Дамјановски, студент на Медицинскиот факултет во Скопје, претставник на Универзитетското студентско собрание при УКИМ и еден од панелистите на дискусијата „Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ“ што вчера се одржа во организација на Министерството за образование и наука.
Дамјановски како претставник на студентите и младите посочи дека за доближување на македонското кон образованието во земјите на Европската Унија смета дека земјава е на добар пат преку мобилностите што ги овозможува за студентите, учениците и наставниот кадар, но недостигаат одредени ресурси за реализирање на промените кои треба се поттикнат преку размените.
„Експертите кои ги имаме во одредена област се премногу малку да можат да се посветат на сите оние групи на студенти и млади коишто сакаат понатаму да придонесат за општеството“, посочи Дамјановски.
На панелот учествуваше директорот на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Мартин Ѓорѓиевски кој го објасни уделот на Националната агенција во организирањето младински размени преку програмите на Еразмус, на кои се осврна Дамјановски.
„Ако споменете Еразмус, за некој млад тоа значи младинска размена, тоа значи да се поминат 7-14 дена некаде надвор со можност за подобрување на неформалното образование. Меѓутоа, програмата најголем фокус става на студентите, околу 50% од средствата се насочени кон студентите и кон високообразовните институции. Лани сме вложиле околу милион ипол евра – средства за студентска мобилност и мобилност на наставниот кадар и имаме многу позитивни примери каде нашите универзитети се вклучени во овие проекти. Од друга страна до сега имаме еден македонски универзитет кој е вклучен во Европската алијанса – УКЛО“, истакна Ѓорѓиовски.
Тој појасни дека земјава е вклучена во новата Еразмус програма која е предвидена да се случува периодот од 2021 до 2027 година.
„Во 2022 година над 10.000 учесници македонски заминале некаде на мобилност надвор, по било кој основ, студенти, ученици, наставен кадар. Тоа е 68% повеќе од 2021 година, и значи дека до крајот на програмата ќе го зголемиме бројот на учесници“, рече директорот на Националната агенција, притоа додавајќи дека е планирано и зголемување на буџетот за програмата за 50 до 100% од моменталните 6-7 милиони евра со кои располага.
Наспроти ставот за надградување во областа на неформалното образование кое веќе располага со задоволувачки капацитети, Благица Ефтимова, координаторка во ЦЕТ Платформата смета дека фокусот треба да се стави во формалното образование и подобрување на системот на универзитетите.
„Треба да ставиме фокус на стартап компаниите и младинското претприемништво. Сметам дека младите во Македонија се креативни и талентирани луѓе, но за да ги искористиме тие потенцијали требаат финансии, инвестиции, менторства. Им фали ментор кој ќе биде таму во целиот процес“, рече Ефтимова притоа посочувајќи на примерот во Холандија каде се поттикнува практично учење и Финска каде покрај на академските резултати универзитетите се фокусираат на критичко мислење и креативно размислување.
Според Дамјановски, подобрувањето на образованието лежи во студентскиот стандард кој како што рече е под минимум. Како пример го посочи недостатокот на соодветна литература на студентите, како и недоволните средства за пристоен студентски живот надвор од местото на живеење.
„Доаѓам од медицински факултет каде што за поголемиот дел од предметите имаме литература, како странска така и домашна. Меѓутоа на многу факултети се приморани да користат странска литература, на странски јазик што најчесто е англиски и поголемиот дел од студентите го владеат, но ние студираме на македонски и ни треба литература на македонски јазик. Онаа литература што е преведена на македонски јазик, многу малку ги задоволува јазичните норми на нашиот јазик и многу малку повторно ја чувствуваме како природна затоа што едноставно е тешка за восприемање и за учење“, нагласи Дамјановски.
Тој додаде дека материјалите за учење треба да бидат со цени достапни за овдешните студентите, според стандардот, а не со цени како во земјите во ЕУ.
„Дел од тој студентски стандард е и кога ги посетуваме нашите врсници да можеме да го дозволиме она што тие можат да си го дозволат. А, не да бидеме последни или меѓу последните каде што бираме дали треба да се одлучиме за едно или за друго искуство иако сме отишле таму полни со желби и ентузијазам да оствариме нешто повеќе, да видиме нешто што досега кај нас го немало, а понатаму и да го примениме овде“, поентира студентот.
Според него веќе се случува унапредување на технологијата на факултетите и се работи на дигитализација, но потребни се уште напори, идеи и финансии со кои понатаму младите овде ќе бидат креатори на концепти на учебници, наставни помагала и дигитални платформи.
„Засега се потпираме на странските и тоа не е лошо затоа што треба да бидеме во чекор со светот. Меѓутоа, ние треба да се гледаме и како идни креатори. Ние имаме студенти, млади, експерти кои може да го пренесат тоа знаење, меѓутоа прво треба младите да останат овде. Затоа што ако заминат, единствено враќање на младите ќе биде за празници и единствено што ќе носат овде ќе бидат странски производи, а нема своето знаење да го употребат овде за нашето да се извезува надвор“, посочи Дамјановски.
На крај на дискусијата говорниците испратија порака за што треба да се направи во образованието преку интеграцијата во Европската Унија.
„Ние како млади, и јас како претставник на студентите се’ уште сме тука, имаме од кого да научиме, задржете не’. Има овде претставници од Владата, задржете не’. Ако си заминеме нема да се вратиме назад. Воспоставете континуитет во образованието, воспоставете предавање на знаењето во секоја област на нашето живеење за да можеме ние на нашите потомци истото да им го префрлиме, нашите искуства кои сме ги стекнале да ги насочиме кон нив и така нашето општество да стане успешна приказна. Повторувам, задржете не’ овде, затоа што ако заминеме ништо од тоа“, порача Дамјановски.
Ангела Бошкоска
-
Porosia e të rinjve në ngjarjen qeveritare për arsim përmes integrimit në BE – Të na mbani, sepse nëse largohemi nuk do të kthehemi prapa
Njëra nga arsyet kryesore që studentët e rinj duan të largohen nga shteti dhe të studiojnë në fqinjësinë më të afërt, në Ballkan më gjerë apo më larg në Evropë, është fakti që universitetet dhe fakultetet atje janë të paraqitura si diçka, ndoshta jo utopi, por botë ku një i ri mund të prosperojë. Për dallim nga ne, ku ajo disi mungon.
Këtë e deklaroi dje David Damjanovski, student i Fakultetit të Mjekësisë në Shkup, përfaqësues i Kuvendit Universitar Studentor në Universitetin shën Cirili dhe Metodi (UCM) dhe njëri nga panelistët në debatin “Perspektiva rinore: Përmirësimi i cilësisë së arsimit të Maqedonisë përmes integrimit në BE”, që u mbajt dje në organizim të Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës.
Damjanovski si përfaqësues i studentëve dhe të rinjve theksoi se për afrimin e arsimit të vendit drejt arsimit të vendeve të Bashkimit Evropian vlerëson se vendi është në rrugë të mirë përmes lëvizjeve që u mundëson studentëve, nxënësve dhe kuadrit mësimor, por mungojnë resurse të caktuara për realizimin e ndryshimeve të cilat duhet të nxiten përmes shkëmbimeve.
“Ekspertët që i kemi në fushë të caktuar janë shumë pak që të mund të përkushtohen në të gjitha këto grupe të studentëve dhe të rinjve të cilët duan të kontribuojnë më tej për shoqërinë”, theksoi Damjanovski.
Në panel mori pjesë drejtori i Agjencisë Nacionale për programe arsimore dhe mobiltiet, Martin Gjorgjievski i cili e sqaroi pjesën e Agjencisë Nacionale në organizimin e shkëmbimit të të rinjve përmes programeve të Erasmusit, për të cilat foli Damjanovski.
“Nëse e përmendi Erasmusin, për ndonjë të ri ajo nënkupton shkëmbim rinor, ajo do të thotë të kalohen 7-14 ditë diku jashtë me mundësi për përmirësim të arsimit joformal. Megjithatë, programi e vendos fokusin më të madh te studentët, rreth 50% të mjeteve janë të destinuaura për studentët dhe për institucionet e arsimit të lartë. Vitin e kaluar kemi investuar rreth një milionë e gjysmë euro – mjetet për mobilitet të studentëve dhe të kuadrit mësimor dhe kemi shumë shembuj pozitiv ku universitetet tona janë të përfshirë në këto projekte. Nga ana tjetër, deri tani kemi një universitet të Maqedonisë i cili është i përfshirë në aleancën evropiane – UKLO”, theksoi Gjorgjiovski.
Ai sqaroi se vendi është i përfshirë në programin e ri Erasmus, i cili është paraparë të ndodhë në periudhën prej vitit 2021 – 2027.
“Në vitin 2022 mbi 10.000 pjesëmarrës maqedonas kanë shkuar diku në mobilitet jashtë vendit, mbi çfarëdo lloj baze, studentë, nxënës, kuadër mësimor. Ajo është 69% më shumë nga viti 2021 dhe do të thotë se deri në fund të programit do të rrisim numrin e pjesëmarrësve”, tha drejtori i Agjencisë Nacionale, duke shtuar se është planifikuar edhe rritje e buxhetit për programin për 50 deri në 100% nga buxheti momental prej 6-7 milionë euro me të cilin disponon.
Përkundër qëndrimit për përmirësim në fushën e arsimit joformal e cila më shumë disponon me kapacitete të kënaqshme, Bllagica Eftimova, koordnatore në Platformën CET vlerëson se, fokusi duhet të vendoset në arsimin formal dhe përmirësimin e sistemit të universiteteve.
“Duhet ta vendosim fokusin te kompanitë startup dhe sipërmarrësia e të rinjve. Vlerësoj se të rinjtë në Maqedoni janë njerëz kreativ dhe të talentuar, por që t’i shfrytëzojmë ato potenciale nevojiten financa, investime, mentorim. U mungojnë mentor i cili do të jetë aty gjatë gjithë procesit”, tha Eftimova duke theksuar shembullin e Holandës ku nxitet mësimi praktik dhe Finlanda ku përkrah rezultateve akademike, universitetet fokusohen në mendimin kritik dhe mendimin kreativ.
Sipas Damjanovskit, përmirësimi i arsimit qëndron në standardin studentor i cili siç tha, është nën minimum. Si shembull e theksoi mungesën e literaturës adekuate të studentëve, si dhe mjetet e pamjaftueshme për jetë dinjitoze studentore jashtë vendit të banimit.
“Vij nga fakulteti i medicinës ku për pjesë më të madhe të lëndëve kemi literaturë, si të huaj ashtu edhe vendore. Megjithatë, shumë fakultete janë të detyruara të përdorin literaturë të huaj, të gjuhëve të huaja që më së shpeshti është anglisht dhe pjesa më e madhe e studentëve e flasin, por ne studiojmë në maqedonisht dhe na duhet literaturë në gjuhën maqedonase. Ajo literaturë e cila është e përkthyer në gjuhë maqedonase, i plotëson shumë pak normat gjuhësore të gjuhës sonë dhe sërish shumë pak e ndiejmë si të natyrshme sepse thjeshtë është e vështirë të perceptohet dhe të mësohet”, theksoi Damjanovski.
Ai shtoi se, materialet për mësim duhet të jenë me çmime të përballueshme për studentët e vendit, sipas standardit dhe jo me çmime si në vendet e BE-së.
“Një pjesë e atij standardit studentor është edhe kur i vizitojmë moshatarët tanë t’ia lejojmë vetes atë që ata mund t’ia lejojnë vetes. Dhe jo të jemi të fundit apo ndër të fundit ku zgjedhim nëse duhet të vendosim për një përvojë apo tjetër edhe pse kemi shkuar atje me dëshirë të madhe dhe entuziazëm të realizojmë diçka më shumë, të shohim diçka që nuk ka qenë te ne deri më tani dhe ta zbatojmë këtu”, potencoi studenti.
Sipas tij, veç më po ndodhë avancimi i teknologjisë së fakulteteve dhe punohet në digjitalizim, por nevojiten edhe më shumë përpjekje, ide dhe financa me të cilat më tej të rinjtë këtu do të jenë kreatorë të koncepteve të teksteve shkollore, mjete mësimore dhe platforma digjitale.
“Tani për tani mbështetemi te të huajt dhe ajo nuk është keq sepse duhet të jemi në hap me botën. Megjithatë, ne duhet ta shohim veten edhe si kreatorë të ardhshëm. Ne kemi studentë, të rinj, ekspertë të cilët mund ta përcjellin atë njohuri, megjithatë fillimisht duhet që të rinjtë të mbesin këtu. Sepse nëse largohen, kthimi i vetëm i të rinjve do të jetë për festa dhe të vetmen që do ta sjellin këtu do të jetë produktet e huaja, ndërsa njohurinë e tyre nuk do ta shfrytëzojnë këtu, që të eksportohet e jona”, theksoi Damjanovski.
Në fund të diskutimit, folësit dërguan porosi për atë se çfarë duhet të bëhet në arsim përmes integrimit në Bashkimin Evropian.
“Ne si të rinj dhe unë si përfaqësues i studentëve jemi ende këtu, kemi prej kujt të mësojnë, na mbani neve. Këtu ka përfaqësues të Qeverisë, të na mbani neve. Nëse largohemi nuk do të kthehemi prapa. Vendosni vazhdimësi në arsim, vendosni transmetim të njohurive në çdo fushë të jetës sonë që të mund ne t’ua transmetojnë të njëjtën pasardhësve tanë, përvojat tona që i kemi arritur t’i drejtojnë kat ata dhe në atë mënyrë, shoqëria jonë të bëhet një tregim i suksesshëm. E përsëris, të na mbani neve këtu, sepse nëse ikim, nuk ka asgjë prej asaj”, porositi Damjanovski.