Во рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома денеска го имаме Кирил Колевски, кој за себе вели дека во Тетово повеќето го знаат како Кирчуга Рапчуга.
„Тие што ме познаваат се запознаени со мојата силна пасија за музика. И тоа не само рап како што изгледа според одбраните албуми, голем љубител сум и на џангл/днб, реге, фанк па сѐ до гранџ. Собирам музика од 14 години, и ако татко ми има преку 1.000 плочи, можам скромно да се пофалам со преку 300 гигабајти музика собирана албум по албум. :) Одењето на концерти и музички фестивали ми е како чекпоинт во животот, живеам од еден до друг, па до нареден“, вели Колевски.
Ова се неговите #ПетАлбумиЗаПоДома, со негов краток уводник и осврт кон одбраните музички парчиња.
***
Пет албуми?! Само пет (5) албуми за по дома да издвојам?! Шаше ме шашердиса… Како и да е ова е мојот потесен избор, нека ми простат другите што не ги одбрав (знаат кои се).
1.Mojoe – Classic.Ghetto.Soul (2003)
Прв албум што секогаш ми паѓа на памет за по дома е токму овој. Mojoe од рап, џез и соул за мирни попладневиња.
Кој знае, знае! Снимен во живо, дефинитивно еден од поважните албуми во македонската музичка историја. Не би коментирал многу, ова само се слуша.
3.Snoop Dogg – Doggystyle (1993)
Слушајќи го од прва до последна песна, со секој skit и interlude по тротоарот, дава чуство ко да си излегол и главел цела ноќ до 6 сабајле со Снуп и екипата.
4.Notorious Big – Ready to Die (All time fave!) (1994)
Мрсните рими у пуните образи на Biggie и неговиот story-telling имаат единствен шмек.
5.Chase and Status – RTRN II Jungle (2019)
Листата ја затворам со албум кој не е баш за по дома ама сакам до што повеќе уши да дојде и никој да не го пропушти од што е толку добар. Ако ништо друго, земете го во викендица на приватна забава следен пат!
***
Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.
Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:
Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена Утевска – Александар Анѓелковиќ – Атанас Велковски – Јован Близнаковски – Маргарита Арсова
***