Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември минатата година изнесувала 38.359 денари, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116.2.
Зголемувањето пред сѐ се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (23.8 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (22%), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите дејности во врска со недвижен имот (8%), рударство и вадење на камен (5.9%), финансиски дејности и дејности на осигурување (4.6%).
Во меѓувреме, просечната бруто-плата по вработен во ноември изнесувала 57.609 денари.