Традиционално, организаторите на психоделичниот трајбл фестивал „Озора“ објавуваат пост-филм за овој масовен настан во Унгарија.
Документерецот повторно го претставува огромниот живописен простор со над 30.000 посетители, стејџовите, работилниците, уметностите и надреалните моменти што се случуваат на овој фестивал.
Потсетуваме дека Радио МОФ беше присутен на „Озора 2022“. Направивме осврт на активностите што се случуваат во долината на Дадпуста, каде 10 денови 24/7 живее вибратна заедница. Спој на фестивалџии, трансери, алтернативци, хипици и изгубени Германци.
На оној што му се чита, може на линкот подолу да ѕирне репортажно за фестивалот: од аватурите по патот, камперското доживување, преку главниот стејџ каде настапуваа и македонски артисти, па се’ до бајковитите простори за опуштање, играње, смеење, дружење, вајање, готвење…
[Галерија] Магијата на психоделичниот трајбл фестивал „Озора“