Вечерва од 21 часот во Буква ќе се одржи аудиовизуелен концерт на „Mnemonic45“.
„Нашиот драг пријател Mnemonic45 ќе ви приреди имерсивно аудиовизуелно искуство преку неговите амбиентални сонични пејсажи кои мекнеат, топат и го прелеваат духот на природата, смирувајќи го и најнемирното делче во секој од нас“, пишува во најавата за настанот на Фејсбук.
По концертот, ќе следува и музичка селекција на Бојан Станиќ.
„Покрај ова, ќе можете да набавите и дел од нашите печатени изданија, кои се скоро распродадени“, се додава во најавата за настанот.