На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
1. Новинарите со ниски плати работат на неколку места за да го истераат месецот
Иако вршат еднa од најважните улоги во општеството, новинарите и медиумските работници што ја претставуваат „седмата сила“ на грб носат многу проблеми, кога во прашање се нивните работнички права и ресурсите со кои располагаат. Околу половина од новинарите и 70% од медиумските работници имаат примања под просечната плата во Македонија, многу од работните позиции им се несигурни, а многумина мора да фаќаат и „тезги“ на 2-3 места, за да можат да преживеат со својата одговорна професија.
Преку најново објавена анкета и мапирање во новинарскиот сектор, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) посочува дека резултатите покажуваат многу лоши состојби, особено во локалните и регионалните медиуми. Односно, постојат голем број медиуми, а малку работници.
Новинарите со ниски плати работат на неколку места за да го истераат месецот
2. Преку кампања од 350 илјади евра Владата го јакне сентиментот кон Европската Унија
Под слоганот „Европска иднина, поблиску од кога било“, Владата започна со медиумска кампања за придобивките од евроинтеграцискиот процес на земјата која чини околу 350 илјади евра. Социјалните мрежи се преплавени со рекламни пораки во време кога некои анкети покажуваат дека поддршката за Европската Унија кај граѓаните во Македонија е во опаѓање. Дополнително, времето на пласирање на кампањата некои ја сметаат за проблематична, затоа што доаѓа во предизборен период.
Преку кампања од 350 илјади евра Владата го јакне сентиментот кон Европската Унија
3. [Интервју] Филип Ивковски, НМСМ: Животниот стандард е на прво место кај младите
Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) неодамна го претстави претседателот Филип Ивковски, кој доаѓа од младинската организација „Младите можат“.
Тој е активен слушател и секогаш расположен за добар муабет. Љубител е на животни, чува риби, папагал, мачка и куче. Често се фиксира на определени музички артисти, моментално на Шарлот Кардин.
Во интервју со Радио МОФ одговара на прашања за заложбите на НМСМ, што е она што бараат младите во Македонија, какви услуги се потребни за нивното ментално здравје, а објаснува и за недостатоците во образовниот систем, за ниската примена на Законот за млади, но и за важноста на инклузијата.
[Интервју] Филип Ивковски, НМСМ: Животниот стандард е на прво место кај младите
4. Грас-рут активизмот треба да живее, за да живеат и локалните заедници
Колку и како се вклучени граѓаните и активистите во менувањето на своите заедници? Постојат ли иницијативи меѓу самите млади? Што тие прават за да се случат промени во нивните маала, општини, или на национално ниво? Постојат ли предизвици за да се шири грас-рут активизмот, а притоа да се одговори на проблемите од социјален или културен карактер? Треба ли поголемо чувство за одговорност, постои ли поширока потреба за заедничарење и солидарност?
Во „Јавна соба“ во Скопје се случи првата конференција за активно граѓанство „КритукУМ“, каде генерално млади луѓе одговараа на сите овие прашања, преку свои искуства и примери за личен активизам.
Воедно, на конференцијата организирана од „Еквалис“ беше изведен „Ритамот на нашиот отпор“ – танцов перформанс на Никола Игновски и Ива Георгиева, со протестни говори од Елена Данова, Џејлан Велиу и Евгенија Јанакиеска, во изведба на Бисера Ѓуровска.
Грас-рут активизмот треба да живее, за да живеат и локалните заедници
5. Шест предизвици кои остануваат и по Меѓународниот ден на образованието
Текстот за Меѓународниот ден на образованието може да го започнеме исто како лани – дека 24 јануари од 2018 година во светот ја слави улогата на образованието во својот удел за развој на светот, и дека и покрај фалбите на институциите, во Македонија, денот за учениците и студентите повторно го одбележуваат долгогодишните предизвици и проблеми со кои се соочува образовниот систем.
Од неизградените факултетски аули, преку тужба од јавен интерес, па до школските клупи на ПИСА тестирањето, во продолжение ќе потсетиме на дел од „сопките“ на кои подлегна образованието во изминатата 2023 година, а кои продолжуваат да стојат исправено на патот и во новата година.
Шест предизвици кои остануваат и по денешниот Меѓународен ден на образованието