Деби албумот на „Пиколомини“ (Pikolomini) – „From Subway to My Way“, издаден во 2007 година за „Стротројка“, сега ќе почне да плива и во дигиталниот простор под закрила на независниот лабел „Шарла“ (Sharla).
Од таму велат дека ова е прво вакво реиздание во нивниот каталог.
„Со оглед дека досега овој албум постоеше само во CD формат, ценевме дека заслужува да добие свој живот во дигиталниот домен на официјални музички изданија. Затоа велиме – бројот 95 е за Pikolomini – From Subway to My Way LP (reissue) [Sharla LP/DR095]. Фала Стотројка“, објавија од „Шарла“.
„Пиколомини“ е музички проект на Давид Ангелевски, менаџер на „Шарла“, издавачка куќа што лани одбележа 10-години постоење.
Во албумот како музичари-гости се вбројуваат: Сеад Хаџиќ – Сецко, Дарко Тасевски, Соња Димитриоска, Дејан Змејкоски, Огнен Мангаровски и Антонио Дојчиновски.
„From Subway to My Way“ е продуциран од Дејан Ангелевски и Давид Ангелевски, додека дизајнот за коверот е на Атанас Ботев.