Јапонското летало на Месечината продолжи со работа откако една недела беше исклучено поради проблеми со напојувањето.
Јапонската агенција за истражување и воздухопловство соопшти дека повторно воспоставила контакт со леталото во неделата навечер што укажува дека дефектот е поправен.
„Повторно се во функција соларните ќелии откако промените на условите на осветлување му овозможиле да ја фати сончевата светлина“, соопштија од Агенцијата.
Леталото не можеше да генерира енергија откако слета на 20 јануари бидејќи соларните ќелии беа во спротивна насока од сонцето. Јапонија тогаш стана петтата земја која успеа меко да слета на Месечината, по САД, Советскиот сојуз и Индија.
Јапонското летало слета на Месечината, но дефект ја загрозува мисијата