„Јуниверзал мјузик“ (Universal Music) ќе ги повлече своите милион песни од ТикТок поради неуспешни разговори со платформата околу плаќањата.
Потегот значи дека социјалната мрежа повеќе нема да има пристап до песните на Тејлор Свифт, „Д Викент“ и Дрејк.
Музичката корпорација го обвини ТикТок за „малтретирање“ и рече дека сака да плати „дел“ од цената што ја плаќаат другите сајтови на социјалните мрежи за пристап до нивниот огромен каталог.
Од ТикТок изјавија дека „Јуниверзал“ презентира „лажен наратив и реторика“.
Музичките компании заработуваат хонорари кога нивните песни се пуштаат на стриминг платформите и на социјалните мрежи.
Иако ТикТок, кој е во сопственост на кинеската компанија „БајДенс“ има повеќе од милијарда регистрирани корисници, тоа претставува само 1% од вкупниот приход на „Јуниверзал“, велат од продукцијата.
Во отворено писмо до музичарите и текстописците, „Јуниверзал“ кој контролира речиси треитна од светската музика, тврди дека ТикТок се обидува да изгради бизнис базиран на музика „без да плаќа фер вредност за музиката“. Оттаму исто така кажаа дека заедно со притисокот за „соодветна компензација за нивните музичари и текстописци“, се загрижени и за „штетните ефекти на вештачката интлигенција врз музичарите и онлајн безбедноста на корисниците на ТикТок.
Корпорацијата изјави дека ќе престане да ја лиценцира својата содржина на ТикТок кога ќе заврши договорот на 31 јануари.
Од ТикТок одговорија дека „е тажно и разочарувчки тоа што „Јуниверзал мјузик“ ја стави сопствената алчност над интересите на своите музичари и текстописци“.
„И покрај лажниот наратив и реторика на ‘Јуниверзал’, факт е дека тие избраа да се оддалечат од моќната поддршка на платформата со повеќе од милијарда корисници која служи како бесплатен промотор и средство за откривање на нивниот талент“, изјавија од социјалната мрежа.
Ова е првпат „Јуниверзал“ да преземе ваков голем чекор за отстранување на своите песни од платфомра на технолошка компанија.