Хидео Коџима работи на нова игра „Physint“ слична на „Metal Gear Solid“

Хидео Коџима на изминатиот „State of Play“, по објавувањето на целосно нов трејлер за приказната за „Death Stranding 2“, се појави да најави дека работи на неоткриен наслов за акциона шпионажа која е целосно поддржана од техничката моќ на SIE, објави gg.mk.

Беше кажано дека играта со наслов „Physint“ ќе ги „спои границите помеѓу филмот и игрите“, односно ќе биде интерактивна, но истовремено и како филм од аспект на изглед, приказна, актерство, мода и звук. Но и покрај премисата, нема никаква врска со „Metal Gear Solid“ франшизата. Ова не е „OD“ играта, таа игра ќе биде ексклузива за XBOX, овде се работи за PlayStation.

Како што пишува gg.mk, со години играчите тагуваат по она што може да се нарече загубата на „Metal Gear Solid“. Поминаа речиси десет години откако Коџима го напушти Konami и се збогува со Metal Gear, преминувајќи на она што може да се смета за „позелени пасишта“. Оттогаш тој процвета во креативна почит додека „Metal Gear“ страдаше неизмерно. По неговото заминување, „Metal Gear Survive“ беше објавен и брзо стана најлошо оценет наслов „Metal Gear“ досега.

Сепак, се чини дека Коџима не е сосема готов со концептот на тактичка шпионска акција. За време на настанот „PlayStation State of Play“, Коџима најави целосно нов проект фокусиран на премиса за акциона шпионажа која ќе содржи „современа технологија и познати актери“. Kojima Production во последователна објава на социјалните мрежи изјви дека „ќе понуди речиси реална графика и нов поглед на интерактивна забава“.