Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Од 13 февруари:
Личните карти со старото уставно име ќе продолжат да важат во државата. Другите држави со кои имаме билатерални договори за патување со лична карта, сами ќе одлучуваат дали ќе може да се влезе на нивна територија со стара лична карта (БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија)
Возачките дозволи со старото име нема да важат воопшто. Во однос на регистарските таблички ќе можат да се подигнат НМК налепниците од станиците за технички преглед.
Пасошите со старото уставно име нема да важат.
Најмалку две и пол години по промената на уставното име, надлежните издаваа лични документи со старото име на државата на трошок на граѓаните. Во меѓувреме, самиот процес на замена на личните документи во Скопје се одвива хаотично и стресно за граѓаните кои побрзаа да добијат документи со „Северна“ на време. За аномалијата во овој процес имаше бројни реакции, а граѓани се жалат и поднесуваат претставки до Народниот правобранител. Дополнително, граѓаните во последните два дена бурно реагираат по „новината“ дека возачките дозволи со старото име на државата воопшто нема да важат ниту на територијата на земјата.
Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција потпишан во 2019 година со кој се промени уставното име на земјата, меѓу другото предвидува граѓаните до денеска да ги променат личните документи, односно личните карти, пасошите и возачките дозволи со новото име.
Неколку месеци пред истекот на рокот, прашањето стана „жешка тема“ поради хаосот кој настана со промената на документите. Редици пред пунктовите за сликање, но и за добивање на готовите документи, недостаток на обрасци за пасоши, технички проблеми со онлајн закажувањето, но и проблеми со линијата за телефонско закажување ги обележаа изминативе месеци.
Пробавме да закажеме термин на неколку дена пред истекот на рокот, па така, барем на 8 февруари не бевме во можност. Преку Националниот портал за електронски услуги немаше можност за одбирање пункт, додека телефонот за закажување не воспоставуваше никаква врска, односно автоматскиот глас викаше „Во моментов не може да се воспостави врска со бројот што го повикувате. Ве молиме бирајте подоцна“.
Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски еден ден подоцна во интервју за телевизијата ТВ 21 истакна дека во секунда имало и по 500 јавувања на броевите за закажување за нови документи.
Имајќи предвид дека се работи за огромен корпус на документи, според правникот Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), државата требало да изготви соодветен план и динамика за нивна замена и особено да започне со замената што побрзо.
Државата располагаше со податоците за бројот на документи кои се издадени, за динамиката како тие ќе треба да се заменуваат, па согласно тоа, Коцевски вели дека ако државата веќе се обврзала да ги почитува обврските од договорот, со усогласување со новото име требаше да се започне веднаш по промената на името на државата.
„Сепак, наместо тоа, државата повеќе од две години од уставните измени продолжи свесно да издава документи со старото име на државата, знаејќи дека важноста на овие документи, која е најчесто 10 години, е ограничена и дека тие ќе треба да се реиздаваат за релативно краток временски период“, дециден е Коцевски.
Правникот посочува дека отсуството на сериозно планирање е особено илустративно со тоа што дури во јуни 2021 година со измените на Законот за патните исправи било уредено дека патните исправи со старото уставно име, издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, односно, најдоцна до 12 февруари 2024 година.
Граѓаните вчеравечер беа затекнати од „новината“ соопштена од Министерството за внатрешни работи дека возачките дозволи со старото уставно име нема да важат ниту на територијата на земјава.
Месеци претходно беше најавувано дека никој нема да биде казнет доколку по истекот на рокот не успее да ги смени личните документи. Но, ваквиот пристап, на изненадување на граѓаните отпосле се промени. Во соопштението на МВР каде се објаснува кои лични документи ќе продолжат да важат, а кои не, тие истовремено посочија дека возачките дозволи нема да важат и дека ќе постапуваат согласно закон.
Оттука, апелираа граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.
„Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета“, посочија од МВР.
Граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираа дека биле убедувани дека немаат потреба да ги менуваат возачките дозволи. Дел од граѓаните, исто така, посочија дека надлежните досега требало да ја известат јавноста за потребата од ова.
За овој проблем реагираше и претседателот на државата Стево Пендаровски, кој преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека е неприфатливо граѓаните кои се изложени на сопствен трошок да менуваат документи, „да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот“.
„Барам од парламентарните политички партии веднаш да донесат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и соодветните норми во други закони што ја регулираат оваа област за да им се овозможи на граѓаните да им важат возачките дозволи и возачките книшки на сите возачи кои што учествуваат во сообраќајот на територијата на државата, а чиј рок на важење не е истечен сметано од нивното издавање. Како што кажав и пред неколку седмици, доколку се има политичка волја, законските решенија може да се донесат во многу краток рок“, напиша Пендаровски.
Десетици претставки до Народниот правобранител
Од Народниот правобранител велат дека не можат со сигурност да кажат дека државата незаконски издавала документи две години, поради рокот на усогласување. Но, децидни се дека усогласувањето на актите на МВР со Преспанскиот договор почнало со задоцнување дури од две години. Тие посочуваат дека недостасуваше една динамична и мобилизирачка кампања за граѓаните порано да почнат да аплицираат за нови документи.
И покрај тоа што Канцеларијата на Народниот правобранител секојдневно добива бројни претставки кои се однесуваат на сите сфери на општественото живеење, деновиве доминираат претставките и поплаките поврзани со проблемот во постапките за вадење на лични документи со новото име на државата.
Заменичката на Народниот правобранител Сузана Салиу за Радио МОФ на почетокот на февруари истакна дека во текот на 2023 година примиле околу 60 претставки поврзани со проблемот, додека само во јануари биле примени околу 25 претставки за било какви проблеми и пречки при вадењето нови документи.
„Граѓаните се жалат на ненавремено усогласување на актите, односно обрасците со Преспанскиот Договор кој беше потпишан во 2018 година и истиот влезе на сила во месец февруари 2019 година, односно дека и по влегување на сила на Договорот Министерството за внатрешни работи продолжила да издаде лични документи на граѓаните со старото име на државата и во текот на 2019 год, 2020 год., 2021 год. на некои граѓани и во текот на 2022 год. наместо со Република Северна Македонија. Се жалат дека важноста на тие документи е дури до 2030 година“, вели Салиу.
Граѓаните во претставките се жалат за тешкотии за закажување термини, односно на пример во октомври, добивале термини во мај.
Дополнително, граѓаните истакнувале дека и воопшто не функционираат линиите за закажување, односно дека без нивна вина се ставени во дополнителни тешки процедури и финансиски трошоци. Истовремено, тие се жалеле и на недостатокот на обрасци и двојазични обрасци.
„Една стјуардеса на ‘Визер’ се жали дека иако успеала да се слика за патна исправа предолгото чекање за подигнување на документот ќе ѝ предизвикува проблеми во работата. Во некои претставки граѓаните однапред се жалат дека им е повредено првото на слободно движење поради неможноста навремено да извадат патни исправи. Дека во пунктот во Кисела Вода, при чекање се соочуваат со долги редици и нехумани услови. Дури се жалат дека несоодветните услови и создадената нервоза при чекање кулминира и со конфликтни ситуации меѓу граѓаните кои чекаат и полицајците кои одржуваат ред. Една граѓанка наведува дека била нападната вербално и физички од страна на полицаец за што случајот го пријавила во Внатрешна контрола во МВР и до Народниот правобранител кој сè уште го истражува случајот“, објаснува Салиу.
Внимателно се разгледува секоја претставка која пристигнала до Народниот правобранител, дури и оние кои тешко се читаат и разбираат, посочува заменичката на Народниот правобранител. По секоја претставка, велат дека имаат секојдневна соработка со надлежното министерство.
„Поаѓајќи од содржината на примените претставки во 2023 година, од Министерството за внатрешни работи побаравме да одговори дали Министерството има капацитети за ефикасно остварување на обврските за промена на личните документи и побаравме трошоците за вадење на новите лични карти де бидат во трошок на државата, односно на МВР, со оглед дека поседувањето на лична карта е задолжително и немањето на овој документ се санкционира“, вели Салиу.
Министерството, како што посочува таа, одговорило дека има капацитети да се соочи со проблемот наведувајќи го бројот на базните станици и мобилните станици кои ги примаат барањата на граѓаните за личните документи.
За ослободување од трошоци на граѓаните пак, одговориле негативно, односно дека тоа е регулирано со други закони.
Коцевски од Македонското здружение на млади правници, во меѓувреме, смета дека слично како и со промената на имињата на улиците, државата треба да биде подготвена кога носи одлуки кои имаат импликации врз личните документи на граѓаните, односно дека е неопходно да ги ослободи или да ги намали трошоците за издавање на документи.
„Ако државата имаше волја, тогаш замената на документите можеше да се спроведе без или со намален надомест“, вели Коцевски.
Иако со ваквото непостапување на државата, граѓаните, како што објаснува Коцевски, трпат трошоци за реиздавање на документи, повреда на нивното достоинство со чекање во редови за замена на личните документи, како и извесно ограничување на слободата на движење на оние граѓани кои не успеале да ги заменат патните исправи, сепак во реалноста, како што додава, малку е веројатно дека судовите ќе застанат на страната на граѓаните.
„Иако постои правна можност да се изгради случај дека заради недејствувањето на државните органи конкретни граѓани претрпеле штета и се соочиле со повреда на права, сепак водење постапки пред редовните судови е малку веројатно да вродат со плод. Особено заради рестриктивната пракса на граѓанските судови при толкување на одговорноста на државните органи кога се работи за исполнување на обврски за кои се одлучува во управна постапка“, објаснува тој.
Пунктот „прегоре“ од работа
На средината на ноември, Министерството за внатрешни работи соопшти дека е отворен пункт за замена на личните документи во салата на сообраќајната полиција во склоп на Полициската станица Пролет во Кисела Вода.
Тогаш, претходниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски најави дека околу 1.000 лица за период од еден работен ден ќе можат да ја поминат процедурата за промена на лични документи во пунктот без закажување.
Уште во тој период беше нагласено дека околу 80% од граѓаните од другите делови на земјата имаат направено промена на документите со новото уставно име.
Но, уште во првите денови, пунктот беше преплавен со граѓани. Огромните редици пред пунктот траеја до неговото затворање пред неколку денови, потег кој го спроведе новиот министер за внатрешни работи од техничката влада Тошковски.
„Порталикс“ објави видео на кое се гледа како уште во утринските часови, граѓани чекаат да се отвори пунктот за побрзо да ја завршат административната процедура. Како што наведоа тие, ред на пунктот се чекало од 3:30 часот наутро.
Од Канцеларијата на Народниот правобранител наведуваат дека граѓаните без нивна вина се ставени пред тешки процедури и несоодветни, па дури и нехумани услови при вадење на личните документи.
„Тоа го гледаме секој ден. Повреден е основниот принцип на правото на владеење кој принцип претставува уставна темелна вредност. И кога сме кај овој принцип, Владата, односно Министерството за внатрешни работи мора да го прецизира рокот до кога ќе важи употребата на старите лични карти. Не да важат само до месец мај кога се одржуваат парламентарните и претседателските избори, па после одеднаш да кажат дека толку било, и на овој начин граѓаните да се чувствуваат изиграни од нивната држава“, децидни се тие.
Нивниот став е дека старите лични карти треба да важат до крајот на 2024 година, во спротивно, велат, граѓаните се ставаат во правна неизвесност што дополнително ќе го нарушува принципот на владеење на правото.
Возачите куртулија од поголеми трошоци
Целосна замена на регистарските таблички или налепници со кодот „NMK“ е опцијата која ја имаат возачите во земјава. Промената на регистарските таблички со новата ознака „NMK“ е исто така обврска за граѓаните која произлегува од Договорот од Преспа.
Министерството за внатрешни работи неодамна информираше дека е донесена одлука налепниците да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.
Налепниците веќе од 8 февруари, како што најавија од ресорното министерство ќе можат да се подигнат во станиците за технички преглед. Но, како што утрово пренесува Независен, во Скопје на една од станиците за технички преглед налепници веќе нема, додека порталот Куманово њуз јавува дека налепници има само во дел од станиците за технички преглед во Куманово.
Надлежните претходно најавија дека по истекот на рокот нема да има никакви казни за граѓаните кои не успеале ги смениле лични документи. Македонските државјани пак кои се во странство, а кои го немаат заменето пасошот, како што најавија тие, ќе можат да се вратат во земјата со патен лист кој го издаваат дипломатско-конзуларните претставништва.
Мартин Колоски
-
Golgota e quajtur dokumente të reja personale
Nga 13 shkurti:
Letërnjoftimet me emrin e vjetër kushtetues do të vazhdojnë të vlejnë të shtet. Shtetet e tjera me të cilat kemi marrëveshje bilaterale për udhëtim me letërnjoftime, vet do të vendosin nëse do të jetë e mundur hyrja në territorin e tyre me letërnjoftim të vjetër (BeH, Serbia, Mali i Zi, Kosova, Shqipëria)
Patentë shoferët me emrin e vjetër nuk do të vjejnë fare. Në lidhje me tabelat e regjistrimit do të mund të merren ngjitëset NMK nga stacionet e kontrollit teknik.
Pasaportat me emrin e vjetër kushtetues nuk do të vlejnë.
Më së paku dy vjet e gjysëm pas ndryshimit të emrin kushtetues, organet kompetente kanë nxjerrë dokumente personale me emrin e vjetër të shtetit në barrë të qytetarëve. Ndërkohë, vet procesi i ndërrimit të dokumenteve personale në Shkup, zhvillohet në mënyrë kaotike dhe stresuese për qytetarët të cilat shpejtuan të marrin dokumente në kohë me prapashtesën “e Veriut”. Për anomalinë e këtij procesi kishte reagime të shumta, ndërsa qytetarët ankohet dhe parashtrojnë ankesa te Avokati i Popullit. Në mënyrë shtesë, qytetarët në dy ditët e fundit, reaguan ashpër pas “risisë” se, patentë shoferët me emrin e vjetër të shtetit nuk do të vlejnë fare as në territorin e shtetit.
Marrëveshja e Prespës mes Maqedonisë dhe Greqisë e nënshkruar në vitin 2019, me të cilin u ndërrua emri kushtetues i vendit, mes tjerash, parasheh që qytetarët deri më sot t’i ndërrojnë dokumentet personale, përkatësisht letërnjoftimet, pasaportat dhe patetnë shoferët me emrin e ri.
Disa muaj para skadimit të afatit, çështja u bë “temë e nxehtë” për shkak të kaosit i cili u bë me ndërrimin e dokumenteve. Radhë para pikave për fotografim, por edhe për marrjen e dokumenteve të gatshme, mungesë e formularëve për pasaportë, probleme teknik me caktimin e terminit online, por edhe probleme me linjën për caktimin e terminit me telefon shënuan muajt e kaluar.
Provuam të caktojmë termin disa ditë para skadimit të afatit dhe kështu, të paktën më 8 shkurt nuk patëm mundësi. Përmes portalit nacional për shërbime elektronike nuk kishte mundësi për zgjedhjen e pikës, derisa telefoni për caktim nuk hynte në lidhje, përkatësisht zëri automatik thonte “Për momentin nuk mund të hyjë në lidhje me numrin që keni thirrur. Ju lutem shtypni më vonë”.
Ministri i Punëve të Brendshme në Qeverinë teknike, Pançe Toshkovski një ditë më vonë në intervistë për televizionin TV 21 theksoi se, në sekondë kishte edhe nga 500 thirrje në numrat për caktimin e termineve për dokumente të reja.
Duke pasur parasysh se, bëhet fjalë për një korpus të jashtëzakonshëm të dokumenteve, sipas juristit Goce Kocevski nga Shoqata e Juristëve të Rinj të Maqedonisë, shteti duhej të përgatisë plan adekuat dhe dinamikë për ndërrimin e tyre dhe posaçërisht të fillojë me ndërrimin sa më shpejtë të jetë e mundur.
Shteti disponinte me të dhënat për numrin e dokumenteve që janë dhënë, për dinamikën se si ato do të duhet të ndërrohen dhe në pajtueshmëri me atë, Kocevski tha se, nëse shteti veç më është obliguar t’i respektojë obligimet e marrëveshjes, me harmonizimin me emrin e ri, duhej të fillonte menjerë pas ndërrimit të emrit të shtetit.
“Megjithatë, në vend të asaj, shtet më shumë se dy vite nga ndryshimet kushtetuese vazhdoi në mënyrë të vetëdijshme të nxjerrë dokumente me emrin e vjetër të shtetit, duke e ditur se vlefshmëria e këtyre dokumenteve, e cila më së shpeshti është 10 vite, është e kufizuar dhe se ato do të duhet të rinxirren për periudhë kohore relativisht të shkurtë”, është decid Kocevski.
Juristik thekson se, mungesa e planifikimit serioz është posaçërisht ilustrative me atë që madje më qershor të vitit 2021 me ndryshimet e ligjit për dokumentet e udhëtimit ka qenë e rregulluar se, dokumentet e udhëtimit me emrin e vjetër kushtetues, të nxjerra deri në ditën e fillimit të zbatimit të këtij ligji do të vlejnë deri në skadimin e afatit të vlefshmërisë i cili është theksuar në dokumentin e udhëtimit, përkatësisht, më së voni deri më 12 shkurt të vitit 2024.
Qytetarët mbrëmë u befasuan nga “risia” e kumtuar nga Ministria e Punëve të Brendshme se, patentë shoferët me emrin e vjetër kushtetues nuk do të vlejnë as në territorin e shtetit.
Muajë më parë u paralajmërua se, askush nuk do të dënohet nëse pas skadimit të afatit nuk arrin t’i ndërrojë dokumentet personale. Por, qasja e këtillë, pas befasimit të qytetarëve më pas u ndryshua. Në kumtesën e MPB-së ku sqarohet se, cilat dokumente personale do të vazhdojnë të vlejën dhe cilat jo, ato njëkohësisht theksuan se, patentë shoferët nuk do të vlejnë dhe se do të veprojnë sipas ligjit.
Prej këtu, apeluan që qytetarët të mos drejtojnë automjete derisa nuk kanë patentë shoferë të vlefshëm me emrin Republika e Maqedonisë së Veriut.
“Paralajmëruam edhe se në raste të ndonjë dëmi të shkaktuar gjatë ndonjë fatkeqësie eventuale të trafikut, për shkak të patentë shoferët, qytetarët të cilët nuk kanë patentë shoferë valid, do të duhet t’i bartin pasojat rreth dëmit eventual”, theksuan nga MPB.
Qytetarët në rrjetet sociale reaguan ashpër se, kanë qenë të bindur se nuk kanë nevojë t’i ndërrojnë patentë shoferët. Një pjesë e qytetarëve, gjithaashtu, theksuan se organet kompetente deri më tani do të duhej ta njoftonin opinionin për këtë.
Për këtë problem reagoi edhe presidenti i shtetit, Stevo Pendarovski, i cili përmes rrjetit social Facebook theksoi se është e papranueshme që qytetarët që janë të ekspozuar në harxhim personal të ndërrojnë dokumente, “të vihen në situatë të panikut dhe frikës nëse do të dënoihet gjatë pjesëmarrjes së tyre në trafik”.
“Kërkoj nga partitë politike parlamentare që menjëherë të sjellin ndryshime të ligjit për siguri në trafik në rrugët dhe normat adekuate në ligje të tjera që e rregullojnë këtë fushë që t’u mundësohet qytetarëve t’iu vlejnë patentë shoferët dhe librezat vozitëse të të gjithë shoferëve të cilët marrin pjesë në trafik në territorin e shtetit, ndërsa afati i të cilit i vlefshmërisë nuk ka skaduar llogaritur nga nxjerrja e tyre. Siç thash edhe para disa javëve, derisa ka vullnet politik, zgjidhjet ligjore mund të miratohen në afat shumë të shkurtër kohor”, ka shkruar Pendarovski
Dhjetëra ankesa te Avokati i Popullit
Nga Avokati i Popullit thonë se, nuk mundë të thonë me siguri se, shteti ka lëshuara në mënyrë të paligjshme dokumente dy vite, për shkak të afatit të harmonizimit. Por, janë decid se, harmonizimi i akteve të MPB-së me Marrëveshjen e Prespës ka filluar me vonesa madje prej dy viteve. Ata theksojnë se, mungonte një fushatë dinamike dhe mobilizim që qytetarët të fillojnë më herët të aplikojnë për dokumente të reja.
Edhe përkrah asaj që zyra e Avokatit të Popullit merr çdo ditë shumë ankesa që kanë të bëjnë me të gjitha sferat e jetës shoqërore, ditëve të fundit dominojnë parashtresa dhe ankesa në lidhje me problemin në procedurat për nxjerrejn e dokumenteve personale me emrin e ri të shtetit.
Zëvendësavokatja e Popullit, Suzana Saliut tha për Radio MOF në fillim të shkurtit se, gjatë vitit 2023 ka pranuar rreth 60 parashtresa në lidhje me problemin, derisa vetën në janar janë pranuar rreth 25 parashtresa për çfarë do lloj problemi dhe pengese gjatë nxjerrjes së dokumenteve të reja.
“Qytetarët ankohen për se nuk janë harmonizuar në kohë aktet, përkatësisht formularet me Marrëveshjen e Prespës e cila u nënshkrua në vitin 2018 dhe e njëjta hyri në fuqi në muajin shkurt të vitit 2019, përkatësisht edhe pas hyrjes në fuqi të Marrëveshjes, Ministria e Punëve të Brendshme ka vazhduar t’u lëshojë qytetarëve dokumente personale me emrin e vjetër të shtetit edhe gjatë vitit 2019, 2020, 2021, disa qytetarëve edhe gjatë vitit 2022, në vend se me emrin Republika e Maqedonisë së Veriut. Ankohen se vlefshmëria e atyre dokumenteve është madje deri në vitin 2030”, tha Saliu.
Qytetarët në parashtresat ankohen për vështirësitë për caktimin e termineve, përkatësisht për shembull në tetor, kanë marrë termin për në maj.
Në mënyrë shtesë, qytetarët theksojnë edhe se aspka nuk funksionojnë linjat për caktim, përkatësisht se pa fajin e tyre janë vën në procedura shtesë të vështira dhe harxhime financiare. Njëkohësisht, ata janë ankuar edhe për mungesën e formularëve dhe formularëve dygjuhësore.
“Një stjuardese në “Wizzair” u ankua se, edhe pse është fotografuar për dokument udhëtimi, pritja shumë e gjatë për marrjen e dokumentit do t’i shkaktojë probleme në punë. Në disa ankesa, qytetarët paraprakisht ankohen se u është shkelur e drejta e lëvizjes së lirë, për shkak të pamundësisë që të nxjerrin në kohë dokumente të udhëtimit. Se në pikën në Kisella Vodë, gjatë pritjes, përballen me radhë të gjatë dhe kushte johumane. Madje, ankohen se kushtet joadekuate dhe nervoza e krijuar gjatë pritjes kulminojnë edhe me situata konfliktuoze mes qytetarëve që presin dhe policëve që mbajnë rend. Një qytetare thekson se, është sulmuar verbalisht dhe fizikisht nga ana e një polici për çka rastin e ka paraqitur në kontrollin e brendshëm në MPB dhe në Avokatin e Popullit i cili ende po e heton rastin”, sqaron Saliu.
Në mënyrë të kujdesshme po shqyrtohet çdo parashtresë që ka ardhur te Avokati i Popullit, madje edhe ato të cilat lexohen dhe kuptohen me vështirësi, thekson zëvendësja e Avokatit të Popullit. Pas çdo ankese, thonë se kanë bashkëpunim të përditshëm me ministrinë kompetente.
“Nisur nga përmbajtja e ankesave të pranuara në vitin 2023, nga Minsitria e Punëve të Brendshme kërkuam të përgjigjet nëse ministria ka kapacitet për realizim efikas të obligimeve për ndërrim të dokumenteve personale dhe kërkuam që harxhimet për nxjerrjen e letërnjoftimeve të reja të jenë në barrë të shtetit, përkatësisht të MPB-së, duke pasur parasysh se, posedimi i letërnjoftimi është i obligueshëm dhe mospasja e këtij dokumenti sanksionohet”, thotë Saliu.
Ministria, siç thekson ajo, është përgjigjur se, ka kapacitete të përballet me problemin, duke theksuar numrin e stacioneve bazë dhe atyre mobile të cilat i pranojnë kërkesat e qytetarëve për dokumentet personale.
Ndërkaq, për lirimin e qytetarëve nga harxhimet, janë përgjigjur negativisht, përkatësisht se ajo është e rregulluar me ligje të tjera.
Kocevski nga Shoqata e Juristëve të Rinj të Maqedonisë, ndërkohë, vlerëson se, ngjashën sikurse edhe me ndërrimin e emrave të rrugëve, shteti duhet të jetë i përgatitur kur miraton vendime të cilat kanë implikime ndaj dokumenteve personale të qytetarëve, përkatësisht se është e domosdoshme t’i lirojë apo t’i ulë harxhimet për nxjerrjen e dokumenteve.
“Nëse shteti do të kishte vullnet, atëherë ndërrimi i dokumenteve do të mund të zbatohej pa ose me kompensim të ulur”, tha Kocevski.
Edhe pse me këtë mosveprim të shtetit, qytetarët, siç sqaron Kocevski, vuajnë harxhimet për rinxjerrje të dokumenteve, shkelje të dinjitetit të tyre me pritje në radhë për ndërrim të dokumenteve personale, si dhe kufizim të lirisë së lëvizjes së atyre qytetarëve që nuk kanë arritur t’i ndërrojnë dokumentet e udhëtimit, megjithatë në realitet, siç shtoi, ka pak gjasë që gjykatat të qëndrojnë në anën e qytetarëve.
“Edhe pse ekziston mundësi juridike që të përpilohet rast se, për shkak të mosveprimit të organeve shtetërore qytetarë konkretë janë dëmtuar dhe janë përballur me shkelje të të drejtave, megjithatë zhvillimi i procedurave para gjykatave të rregullta ka shumë pak gjasë që të jenë të frytshëm. Posaçërisht për shkak të praktikës restriktive të gjykatave civile gjatë interpretimit të përgjegjësisë së organeve shtetërore kur bëhet fjalë për përmbushjen e obligimeve për të cilat vendoset në procedurë administrative”, sqaron ai.
Pika “vlon” nga puna
Në mesin e nëntorit, Ministria e Punëve të Brendshme kumtoi se, është hapur një pikë për ndërrim të dokumenteve personale në sallën e policisë së komunikacionit në kuadër të Stacionit Policor Prolet në Kisella Vodë.
Atëherë, ish ministri i Punëve të Brendshme, Oliver Spasovski paralajmëroi se, rreth 1000 persona gjatë një ditë pune do të mund të kalojnë procedurën për ndërrim të dokumenteve personale pa caktuar termin.
Që në atë periudhë ishte theksuar se, rreth 80% e qytetarëve nga pjesë të tjera të vendit kanë ndërruar dokumente me emrin e ri kushtetues.
Por, që në ditët e para, pika ishte e stërmbushur me qytetarë. Radhët e jashtëzakonshëm para pikës, zgjatën deri në mbylljen e tij para disa ditëve, hap ky që e ndërmori ministri i ri i Punëve të Brendshme nga qeveria teknike, Toshkovski.
“Portaliks” publikoi një video ku shihet se si që në orët e mëngjesit, qytetarët presin që të hapet pika për të kryer më shpejtë procedurën administrative. Siç theksuan ata, radhë në këtë pikë është pritur nga ora 3:30 e mëngjesit.
Nga zyra e Avokatit të Popullit theksojnë se, qytetarët pa asnjë faj janë vënë para procedurave të vështira dhe joadekuate, e madje edhe kushte jonjerëzore gjatë nxjerrjes së dokumenteve personale.
“Atë e shohim çdo ditë. Është shkelur principi themelor i së drejtës së qeverisjes, princip ky që paraqet vlerë themelore kushtetuese. Dhe kur jemi te ky princip, Qeveria përksatëisht Ministria e Punëve të Brendshme, duhet ta precizojë afatin deri kur do të vlejë përdorimi i letërnjoftimeve të vjetër. Jo të vlejnë deri në muajin maj, kur mbahen zgjedhjet parlamentare dhe presidenciale dhe më pas menjëherë të thonë se aq ka qenë dhe në atë mënyrë qytetarët të ndjehen të mashtruar nga shteti i tyre”, janë decid ata.
Qëndrimi i tyre është se, letërnjoftimet e vjetra duhet të vlejnë deri në fund të vitit 2024, në të kundërtën, thonë, qytetarët vihen në pasiguri juridike që do të cënojë në mënyrë shtesë parimin e sundimit të ligjit.
Shoferët me harxhime më të mëdha
Ndërrimi i tërësishëm i tabelave të regjistrimit apo ngjitësve me kodin “NMK” është opsion të cilin e kanë shoferët në vend. Ndërrimi i tabelave të regjistrimit me shenjat e reja “NMK” është gjithashtu obligim për qytetarët që del nga Marrëveshja e Prespës.
Ministria e Punëve të Brendshme së fundmi informoi se, është miratuar vendim që ngjitëset të jenë falas për qytetarët, përkatësisht, të jenë në barrë të MPB-së.
Ngjitëset, veç më nga 8 shkurti, siç paralajmëruan nga ministria resore, do të mund të merren në stacionet e kontrollit teknik. Por, siç njoftoi këtë mëngjes Nezavisen, në Shkup në njërin nga stacionet e kontrollit teknik veç më nuk ka, derisa portali Kumanovo news, raporton se, ngjitëse ka vetëm në një pjesë të stacioneve për kontroll teknik në Kumanovë.
Institucionet kompetente paraprakisht paralajmëruan se, pas skadimit të afatit nuk do të ketë asnjë dënim për qytetarët që nuk kanë arritur t’i ndërrojnë dokumentet personale. Ndërkaq, shtetasit maqedonas që janë në shtetet e jashtme, ndërsa të cilët nuk e kanë ndërruar pasaportë, siç paralajmëruan ata, do të mund të kthehen në vend me një letër udhëtimi, të cilën e nxjerrin përfaqësitë diplomatike – konsullare.
Martin Koloski