Новата прозна книга на македонската авторка Виолета Танчева – Златева, „Бела сама“ ќе биде промовирана во вторник (13 февруари) во Културно-информативниот центар во Скопје.
„Овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот. Повелете да ѝ посакаме официјално добредојде на оваа книга, која е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите“, се вели во најавата.
Промотор ќе биде Ана Јовковска, а настанот ќе започне во 19:19 часот. Книгата е во издание на Издавачкиот центар ТРИ.