По новиот закон за евтаназија на кучиња скитници што го воведоа неколку региони во Русија, волонтери во Република Бурјатија што се наоѓа во близина на границата меѓу Монголија и Русија велат дека вдомиле околу 600 животни во другите региони.
Најголемото засолниште во источно-рускиот регион на Бурјатија, основано во 2022 година, „Ананда“ има воспоставено посебен систем за справување на проблемот со бездомните кучиња. Преку таквиот систем, кучињата беа собирани од улица, вакцинирани и стерилизирани и потоа пуштени во позната околина.
Оттаму велат дека во главниот град Улан-Уде секој ден заловуваат по 30 кучиња. Минатата година по прекинувањето на програмата за ослободување на кучињата назад во средината откако ќе бидат вакцинирани и стерилизирани, бројот на кучиња во „Ананда“ достигнал 2.500 кучиња.
Според новиот закон, доколку не се најде сопственик за кучето повеќе од еден месец, тоа може да биде убиено со евтаназија. Засолништата за животни може да ги праќаат кучињата во привремени центри каде ќе бидат еванатзирани или пак да ги задржат, но на сопствен трошок.
За едно засолниште да опстои се потребни повеќе од 2.000 евра на ден, вклучувајќи ги и платите на вработените.