На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…
Студентскиот оброк од први март ќе се исплаќа на неделно ниво
Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво.
Исто така, сега, доколку студентите не го искористат правото на субвенциониран студентски оброк во текот на денот, износот ќе им остане достапен за користење до крајот на тековната седмица, односно до сабота. Субвенционираниот студентски оброк изнесува 140 денари на ден. Измените ќе стапи на сила на 1 март.
Студентскиот оброк од први март ќе се исплаќа на неделно ниво
2. [Видео] Што е муабетот со… Регулацијата на инфлуенсерите?
Агенцијата за медиуми започна процес за регулација на инфлуенсерите во Македонија, за да има фер правила на „игра“ на интернет
Но, што значи ова, што е муабетот со регулацијата на инфлуенсерите, и зошто е важен овој процес?
Погледнете повеќе во видеото во продолжение.
3. Скопјани со најголеми, крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава [Инфографик]
Можностите за здравствена заштита на жителите во 30 градови во Македонија значително се разликуваат. Највисок степен на здравствена заштита уживаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка.
Овие податоци ги покажува новото истражување за можности за здравствена заштита на граѓаните во земјава за 2021 година кое го изработи Центарот за граѓански комуникации.
Скопјани со најголеми, крушевчани со најмали можности за здравствена заштита во земјава [Инфографик]
4. Дора Смилевска: Студентскиот дебатен клуб те учи да размислуваш „надвор од кутијата“
Компетитивноста, дружбите и континуираното учење лежат во сржта на дебатните клубови, раскажува Дора Смилевска, координаторка на дебатната програма при Младинскиот образовен форум (МОФ) која во „дебатните води“ е долги години.
„Тргам од моментот дека целиот тој непрекинат процес на образование и на учење е многу битен поради тоа што студентскиот дебатен клуб настрана од неговата компетитивност е место каде што можеш да научиш аргументирано да се изразуваш, критички да размислуваш, се информираш непрекинато за нови настани во светот и дополнително се запознавш со други луѓе се дружиш“, вели Смилевска.
Дора Смилевска: Студентскиот дебатен клуб те учи да размислуваш „надвор од кутијата“
Со 55 гласови „за“ Собранието денеска ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Владата со европско знаменце. Измените, меѓу другото, предвидуваат објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) претходно организираа протест пред законодавниот дом изразувајќи го револтот за предлог-законот.
+Бонус
#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Горазд Николоски
Во #НизТвојотОбјектив се прошетавме низ град со објективот на Горазд Николоски, фриленсер од Скопје кој сака да фотографира и да спортува.
„Следните фотографии што ќе ги видите се внимателно одбрани и сликани во вистински момент. Јас лично почесто го чекам оној вистински момент за да доволам се’ во една слика. Фотографијата е спомен, за некого е весел, а за друг тажен. Сакам да сликам ‘street photography’ како и за да ги доволам приказните на луѓето. Секоја фотографија си е посебна приказна за себе“, вели тој за Радио МОФ.