„Д Фестивал“ започна со акцијата „Ран корморан

Од денеска на пладне започна промотивната акција „Ран корморан“ со 300 билети за овогодинешното, четиринаесетто издание на „Д Фестивал“, кој ќе се одржува од 28 до 30 јуни.

„Најповолната цена на фестивалските билети е секогаш резервирана за верните фанови на Д Фестивал, спремни први да се впуштат во акција:
1200 денари – тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма)
1300 ден. (тридневен фестивалски билет со пристап до цела програма + камп место)“, информираат од „Пасворд продукција“.

Од таму велат дека официјален слоган на овогодинешното издание е #LoveSpreads!

„Ширете го чувството на љубов, заедничката радост и припадност, бидејќи знаеме дека Љубовта е она што нè поврзува и прави нашите срца да чукаат посилно. Со нетрпение го чекаме летото за да се сретнеме повторно и заедно да ја креираме новата магична фестивалска приказна од 28 до 30 јуни!“, соопштуваат од „Пасворд“.

Инаку, влезниците за фестивалот можат да се купат преку dfestival.mk/vleznici, или преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Фото: Д Фестивал