Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив го имаме Дамјан Стојановски кој вели дека фотографијата за него е начин да избега од реалноста, а објективот начин за да креира негов свет.
„Фотографиите овде се внимателно одбрани и сликани да се покаже раздвиженоста и разновидноста на Скопје без разлика на денот или времето, фотографијата како уметничко дело има премногу гранки и секој фотограф е како отпечаток од прст, уникатен со својот стил и приказна позади сликата“, вели Стојановски за Радио МОФ.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.