PMG Jazz Club продолжува со својата серија концерти во „Лабораториум“. Вечерва (петок) присутните ќе можат да го проследат концертот на „Летечки пекинезери“, еден од водечките современи македонски џез бендови.
„Свинг-џез квинтет формиран во Скопје, во 2004 година, ‘Летечки пекинезери’ е бенд со огромен репертоар оригинални теми, a за создавање на репертоарот, најмногу се ангажирале основачите на бендот, Бојан Петков-Шамба (гитара) и Иво Солдатовиќ-Сол (кларинет). Останати членови на бендот се: Петар Христов, тенор-саксофон, Кирил Туфекчиевски, двоен бас и Славчо Коцев, тапани“, стои во најавата за настанот.
„Пекинезери“ деновиве пробиваат нови правци на нивните музички интереси, па, велат организаторите, ова е можност публиката да се запознае со актуелните интереси на бендот.