Профилот на просечниот Фејсбук корисник во Македонија

Речиси половина од македонските корисници, односно 44%, поминуваат 3 и повеќе часови дневно на Фејсбук, покажаа резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на оваа социјална мрежа. Половина од македонските корисници на Фејсбук минуваат повеќе од три часа дневно. 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат на социјалната мрежа, но само 22% размислуваат да се откажат од неа.

Фејсбук

„Податоци кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук,“ појаснува Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, која заедно со Њумедиа.мк го спроведе онлајн истражувањето.

Целосните резултати беа презентирани во рамките на AllWeb, конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР што се одржа во Скопје, а може да ги видите и во следнава презентација: