Ракета на Спејс Икс (SpaceX) со тројца американски астронаути и еден руски космонаут полета од Фолорида на пат кон Меѓународната вселенска станица (ISS).
Во капсулата што компанијата на Илон Маск ја има искористено четири пати досега, се тројца мажи и една жена. Во текот на нивната шестмесечна мисија, тие планираат да прават различни експерименти. Истражувањето ќе вклучува и растечки вештачки копии на човечки органи со цел да се проучуваат дегенеративни болести во средина со ниска гравитација – што не е можно на Земјата.
Екипажот полета од вселенскиот центар Кенеди во Флорида во 22:53 по локално време или 04:53 по средноевропско време. Ова е втор обид за лансирање на рактетата, првиот кој требаше да биде во саботата беше откажан поради силните ветрови.
Метју Доминик, кој е водач на мисијата, заедно со својата колешка Жанет Епс и Русинот Александар Гребенкин се на својот прв лет во вселената. Четвртиот член на екипажот, докторото Мајкал Барат е на својата трета посета на Меѓународната вселенска станица.
Меѓународната вселенска станица е ретка област за меѓународна соработка меѓу различни влади од светот, а ја одржуваат вселенските агенции на Канада, Европа, Јапонија, САД и Русија. Вселената останува единственото место каде САД и Русија продолжуваат да соработуваат и покрај војната во Украина.