Се отвори првата сензорна собра во средното училиште на Град Скопје, „Здравко Цветковски“, информираат од канцеларијата на Град Скопје.
„Сензорните соби во рамките на средните училишта ќе им овозможат полесен и современ тек на образовниот процес на средношколците со попреченост. Град Скопје инвестира во активности и обука на стручни лица за реализација, со цел да се овозможи бенефит на сите граѓани на Скопје, а проектот продолжува со имплементација и во останатите образовни установи“, велат оттаму.