Заинтригирани од фестивалите и журките кои што се одржуваат на покриви, во запуштени хали и невообичаени места, Асоцијација 615 од Битола посочуваат дека иако подолго време се обидуваат да организираат ваков настан во овој град , нема разбирање од средината.
„Асоцијација 615 веќе неколку пати се обиде да контактира со куќните совети од неколку згради во Битола кои исполнуваат безбедносни и технички услови да се организира ваков настан, но никогаш не наидовме на разбирање од станарите и куќните совети поради стереотипите кои ги имаат за електронската музика, но и поради ,,чудниот“ тип на настан. Ако мислите дека на покривот од некоја зграда во градот е можно да се издејствува и да се контактира со разумни луѓе кои имаат разбирање за потребите на младите, слободно исконтактирајте не, па да преземеме акција“, бараат тие.
Како пример го посочуваат Reworks фестивалот за електронска музика во Грција, кој освен што изобилува со line up кој нуди широк спектар на различни стилови музика, препознатлив е токму по необичните локации каде што се одржува, меѓу останатото и на покрив од зграда.