„snapshots“, е прва изложба на фотографии на филм на Иво Дамјановски која ќе се отвори на 8 март во Клутурно-социјалниот простор Центар Јадро.
„Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, ‘snapshots’ е мој обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Иво.
„’snapshots’ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат, пишува во најавата.
Отворањето е во 19 часот, а изложбата ќе може да се посети секој ден до 15 март од 10 до 16 часот.