Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечерва (сабота, 16 март) од 21:30 е најавен концерт на бендот „Tomorr“
„’Tomorr’ се трио од Емполи, Италија. Ќе ни свират рурален дум со примеси на психоделичен албански фолк!“, стои во соопштението на настанот.
Триото во 2020 година го извадија нивниот истоимен деби албум „Tomorr“, koј е сиров и носталгичен пат низ урнатините од древните навики. Тој е како химна на најизолираните села, каде се вивнуваат воини против бетонот.
За присуство на настанот е (не)задолжителна донација.