Во Клубот на пратеници во Скопје, утре (понеделник) со почеток во 11 часот ќе се одржи трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“, во организација на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Како што пренесува агенцијата Мета.мк, на настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и претставници на граѓански организации, со цел градење на култура на дијалог и демократска атмосфера во пресрет на изборите.
Преку отворена дискусија, која ќе ја модерира Владо Караев, учесниците на настанот ќе имаат можност конструктивно да придонесат за поттикнување на проактивна и одговорна улога на младите во општествените процеси и во политичката артикулација на нивните интереси.