Во сабота (23 март) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи концерт на македонскиот металкор состав „Хардфејсд“. Концертот ќе започне во 19:30 часот.
Како што е најавено, специјални гости на концертот ќе бидат бугарскиот хардкор бенд „Лест хоуп“ и скопската група „Ју“.
„Хардфејсд“ се формирани во 2004 година во Охрид. Досега имаат издадено четири албуми.
Билетите за концертот се во претпродажба на билетара во МКЦ или онлајн на www.bileti.mkc.mk по цена од 400 денари. По отварање на вратите билетите ќе чинат 600 денари.