По повод првиот ден на пролетта (21 март) Министерството за животна средина и просторно планирање и УНИЦЕФ, поддржани од Шведска и други партнери, како и од Град Скопје, организираат интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје со кој ќе се претстават иницијативите за климатска акција и образование за животната средина коишто се спроведуваат во земјата.
„Околу 250 деца од целата земја ќе учествуваат на една од десетте интерактивни детски работилници од Мрежата за искуствено учење, Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје и програмата ГЛОУБ (GLOBE). Истовремено, над 60 млади иноватори и климатски активисти ќе ги промовираат своите локални иницијативи за климата и животната средина развиени преку програмите UPSHIFT и Младински иновациски кампови. Исто така, тие ќе се вклучат во младинските консултации на УНИЦЕФ за да ги идентификуваат приоритетните области што треба да бидат опфатени во стратегијата за климатски промени на УНИЦЕФ“, се вели во најавата.
Од УНИЦЕФ додаваат дека предучилишни воспитувачи и наставници од целата земја ќе имаат можност да дознаат за воннаставните активности што ги нуди Мрежата за искуствено учење, како и за новите алатки за искуственото учење и образование за животната средина што може да ги воведат во образованието.
Настанот за младите ќе започне во 12 часот пред „Школка“ со Експо – иновација, а ќе продолжи со работилниците кои ќе се одржуваат на локација од Школка до Езерце до 14 часот. Работилниците може да ги погледнете во агендата:
1. Биотехнолошка лабораторија (нов партнер во Мрежата за искуствено учење): Оваа работилница е дел од заеднички проект на Градот Скопје, УНИЦЕФ и УНДП кој има за цел да ја доближи биотехнологијата до заедницата на претприемачи во државата и да се забрзаат одржливите зелени еко-бизниси.
2. Еколоџик (Партнер во мрежата за искуствено учење): На оваа работилница може да видите повеќе активности поврзани со екологијата, зачувувањето на животната средина, и одржливите градови и заедници. Преку неколку експерименти и активности, учениците ќе можат самостојно да истражат различни процеси во природата, како загадувањето влијае на планетата, одржливи извори на енергија, рециклирањето и реупотребата на ресурси.
3. Центар за ресурси во животната средина – РЕЦ (Партнер во мрежата за искуствено учење): Оваа работилница обработува пет научни експерименти наменети за ученици од 6-то до 9-то одделение со поддршка од наставниците. Преку експериментите учениците ќе стекнат увид во воздушниот притисок и температурата, природната филтрација на водата, загадувачите во почвата, и хидроцентралите и нивното влијание врз животната средина.
4. GLOBE (ГЛОУБ) Програма (спроведена од Министерство за животна средина и просторно планирање, преку Македонскиот информативен центар за животна средина, во соработка со Мировниот корпус во Северна Македонија и Министерството за образование и наука): Четири наставници што ја спроведуваат програмата во училиштата ќе одржат работилници за мерењата кои се вршат во атмосферата, почвата, водите, и земјината обвивка, и ќе објаснат како тоа придонесува кон натамошните изучувања и следења на промените на планетата Земја.
5. Ботаничка градина (Партнер во мрежата за искуствено учење): Едукатори од Ботаничката градина Скопје ќе одржат работилници за истражување на растителниот свет (флората) во Градскиот парк; ќе се истражува фотосинтезата кај растенијата и ќе се дискутира за важноста на овој процес за квалитетот на воздухот.
6. Едукативен центар Негрево (Партнер во мрежата за искуствено учење): Под водство на едукатори од Центарот Негрево децата ќе научат за физичките и хемиските својства на водните хабитати, со користење на примероци од езерцата во Градкиот парк. Ќе ја одредат киселоста на водата со pH метар, ќе ја измерат температурата и ќе ги идентификуваат водните растенија.
7. Хидробиолошки завоид (Партнер во мрежата за искуствено учење): Под водство на едукаторите децата ќе ги истражуваат живите организми – водни безрбетници и протозои од езерцето во Градскиот парк; ќе се запознаат со опремата и начините на колекционирање на примероци ќе водат дискусија во насока на важноста на биодиверзитетот во водните системи и важноста на водните системи за нашата животна средина.
8. Народна техника (Партнер во мрежата за искуствено учење): Под водство на едукаторите од Народна Техника, учениците ќе ги испробаат своите вештини и знаења во производство на електрична енергија со користење на обновливи извори на енергија. Преку оваа практична поставка, учениците ќе изработат неколку прототипи кои ќе генерираат енергија.
9. Македонско еколошко друштво (Партнер во мрежата за искуствено учење): Под водство на едукатори од Македонското еколошко друштво учениците ќе учествуваат во три посебни активности со кои ќе можат искуствено да се запознаат со биодиверзитетот во Градскиот парк во Скопје, но и со постапките и правилата кои истражувачите биолози ги применуваат за да добијат податоци (меѓу кои и поставување камера замки за истражување на животните, следење на единка со антена и околувратник, и бележење на резултатите добиени од следењето и набљудувањето).
10. Национален парк Галичица (Партнер во мрежата за искуствено учење): Учениците ќе се ориентираат во природа и ќе собираат животински материјал со употреба на различни методи на заловување на инсекти и помали безрбетници, карактеристични за шумските екосистеми; ќе научат повеќе повеќе за работата на џнационалните паркови, ренџерските служби и биолозите кои работат во парковите.
Наставниците и едукаторите од целата земја ќе присустуваат на настан во кафулето „Лист“ каде ќе учат за воннаставните активности што ги нуди Мрежата за искуствено учење и за новите прирачници за наставници со искуствено учење.
За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да следат говор да разговараат со гостинот говорник – д-р Стјуарт Колхаген од Австралија – за придобивките од искуственото учење.