[Фото] Средношколци засадија 100 садници црн бор на Водно

Ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, викендов на Водно засадија 100 садници црн бор.

„Со еко акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување“, велат од Град Скопје кои акцијата ја реализираа заедно со ЈП „Паркови и зеленило“.

Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта  „Боро Петрушевски“,„8 ми Септември“,„Михајло Пупин“ и “Панче Арсовски“ засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.

Фото: Град Скопје