Повик за учество за работилници за млади

Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, отвора повик за млади на возраст од 15 до 30 години, за учество во работилници за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба.

„Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ве поттикнат и опремат со потребните алатки и знаење за да создадете позитивни промени во вашите заедници. Работилниците ќе се спроведуваат во различни општини низ државата во текот на месеците март и април 2024 година. Со учеството, ќе стекнете знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквост и градење доверба во вашите заедници“, велат од МОФ.

Работилниците ќе бидат спроведени на:

27 март во 10:00 часот во Делчево
Тема: „Млади и конфликти: Стекнување на вештини за мирно решавање“

28 март во 10:00 часот во Струга
Тема: „Младинско учество како алатка за градење мир“
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

29 март во 11:00 часот во Велес
Тема: „Развивање на интеркултурен дијалог преку спознавање на идентитетот и културата“

2 април во 11:00 часот во Битола
Тема: „Дискриминација, конфликти и предрасуди“

3 април во 14:00 часот во Скопје
Тема: „Преобликување на перцепциите: идентитет и младинско учество“
*За работилницата ќе биде обезбедено толкување на македонски знаковен јазик.

5 април во 11:00 часот во Тетово
Тема: „За(едно) – Градење на подобра иднина за младите“
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

12 април во 11:00 часот во Скопје
Тема: „Бура за култура: Работилница за интеркултурен дијалог“
*За работилницата ќе биде обезбедено толкување на македонски знаковен јазик.

15 април во 13:00 часот во Дебар
Тема: “Rise Together: Youth Initiative for a Bully-Free, Hate-Free Future”
*За работилницата ќе биде обезбеден превод на албански јазик.

За да се аплицира за учество на која било од работилниците, заинтересираните треба да го пополнат го онлајн формуларот за апликација.

„Ве охрабруваме да аплицирате на повеќе работилници. Но, имајте предвид дека има ограничени слободни места за секоја работилница и затоа, не може да бидат избрани сите апликанти. Ве охрабруваме да аплицирате порано за да ги зголемите шансите да обезбедите место“, посочуваат од МОФ.

За какви било прашања, може да се контактираат: blerina_salihi@mof.org.mk и ivona_kuzmanovska@mof.org.mk или на +38971369616 и +38978421574.