Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
На помалку од 2 месеци до парламентарните избори, Собранието здружено со 84 гласа „за“ и само 2 „воздржани“ изгласа нови измени на Изборниот законик, со кој се отежнува процесот за кандидирање независни листи на пратеници, како и на независни листи за советите во некои општини. Сега, на пример за парламентарните избори тие наместо потребните 1.000 потписи од избирачите во Избирачкиот список во изборна единица, тие ќе треба да соберат потписи од најмалку 1% од избирачите, што отприлика би претставувало од околу 2.400 до 3.400 потписи посебно по изборна единица, или за два до три пати поголем број потписи. Предлагачите на законот во кој се вклучени и останати измени, посочуваат дека предложеното законско решение е во насока на подобрување на изборниот процес, но независните листи остро реагираат дека со измените се исфрлаат од игра независните кандидати и ги спречуваат да учествуваат на сите следни избори на локално и национални ниво.
ОБСЕ претходно препорача прагот за потписи за кандидатура на независни листи за градски советници да се зголеми на најмногу 1%. Но, во овој случај, партиите го искористиле максимумот од 1% за независните листи за градски советници и за пратеници, со новите измени на Изборниот законик.
Во заедничка реакција пред неколку денови, неколку независни листи Шанса за центар, Независни за Карпош, Зелен Хуман Град, Зелените од Гази Баба од Скопје, Подобро за Тетово од Тетово, Поинаку од Битола, Стига Е од Струмица и Стига Е – Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина – Босилово, Ново Село реагираа дека со ваквите измени, за кандидирање пратеници во Изборната единица (ИЕ) 1, сега наместо 1.000, би биле потребни 3.372 потписи.
Во меѓувреме, во ИЕ 2, таа бројка би била 2.408 потписи, во ИЕ 3 – 3.005, во ИЕ 4, 1.945 потписи повеќе, во ИЕ 5 потребни би биле 3.395 потписи, додека во последната ИЕ 6, потребни би биле 2.486 потписи. Независните листи реагираа дека со измените практично ги исфрлиле од игра независните кандидати и ги спречиле да учествуваат на сите следни избори на локално и национални ниво.
Независниот советник Јане Димески од иницијативата и советничка листа во Општина Центар „Шанса за Центар“ за Радио МОФ објаснува дека ова е нелогично, затоа што за формирање партија се бараат само 1.000 потписи, додека за кандидирање независна листа се потребни два-три пати повеќе од тоа.
„Практично ги турка сите иницијативи кон тоа да се размислува за можеби да се регистрираат и како партија. Самиот систем е така направен, да им оди во прилог на партиите, а да ги обесхрабрува независните иницијативи кои што на пример, како нашата најверојатно и други кои што имаат отпор воопшто кон формата на функционирање на политички партии. Затоа што политичката партија во самата структура кога ги гледаме како се поставени и како се формираат во Македонија, тие автоматски имплицираат, влечат кон масовност, со тоа влечат и кон клиентелизам, кон потреба за финансирања големи на пример, што пак отвара можност за корупција, за влијание од страна врз партиите, да бидат зависни од финансиери, а знаеме во Македонија кој се се’ финансиери, какви луѓе вложуваат во партиите“, вели Димески.
Независните листи биле затечени и изненадени од измените, па затоа и нивната прва реакција била дека се работи за подли измени.
„И дека баш се носат прво пред самите избори, а второ се носат без никаква консултација со било кој друг. Она што ние го знаеме, никаква јавна консултација немало за ова“, вели Димески.
Независниот советник објаснува дека не биле повикани на консултации, што мислат дека е неопходно бидејќи измените се однесуваат токму на нив.
„Ние сме и тие кои што имавме искуство со овие работи, така што, ако ги интересирало некаков конструктивен придонес кон измените, неминовно би требало да не’ викнат и да не’ прашаат што мислите за ова на пример, и ние тука ќе им ги дадевме нашите предлози, како тоа да се уреди поинаку на пример“, вели Димески.
Независните иницијативи сè уште се консултираат за следните чекори. Во меѓувреме, политичките партии за измените, како што вели Димески, молчат и не реагираат на нивните забелешки, а претпоставува дека воопшти не ни планираат, односно им одговара ова да остане под површина и да се заборави, имајќи го предвид самиот начин на кој се донесени измените.
„Иницијативите се принудени да формираат политички партии“
Овие измените се втор обид за интервенција во Законот, со цел пригушување на политичката понуда од страна на независните – неопределени граѓани, преку граѓанските кандидати, смета претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) Марко Трошановски.
Првиот обид, како што вели тој, наиде на осуда и од ОДИХР, граѓанското општество и воопшто од целата јавност.
„Но, во вториот обид, во ситуација на предизборна кампања и дефокус од разни други случувања, некако помина незаконски, неприметно, поодлучно речено се прошверцува преку другите измени на Изборниот законик кои што беа усогласени и во суштина ја оневозможи, граѓанската опција на овие претстојни избори да настапи на рамноправно ниво со политичките партии, имајќи предвид дека претходните локални избори имаше рекорден број на независни советници, каде што десетици илјади гласачи, гласаа за нешто што не е стандардна политичка понуда“, дециден е Трошановски.
Партиите, според него, веројатно виделе закана за својот рејтинг или исходите од избори и решија да ги зголемат праговите, врз основа на кој граѓанските листи ќе можат да се кандидираат на овие избори.
Многу од независните советници во советите на општините, неретко се трн во око и главни критичари на задкулисните коалиции и комбинации што ги даваат нетранспарентно дел од политички партии, вели Трошановскии додава дека, токму поради тоа, сега е потребно околу 3.000 потписи за воопшто да бидат регистрирани.
„Што секако е многу тешко да се направи, кога изборите ви започнуваат само за неколку недели и на некој начин целосно ги исфрла од игра за овој изборен циклус за парламентарните избори“, додава тој.
Целиот процес, според претседателот на „Социетас Цивилис“ бил дрско и подмолно спроведен, додавајќи дека заслужувал многу поголема реакција, како од ОДИХР, така и од другите меѓународни организации.
„И би рекол од медиумите и граѓанското општество, иако беше покриен, сметам дека е недоволно. Затоа што, во ситауција на исклучително ниска поддршка кај политичките партии, доверба во институциите и во самите партии од страна на граѓаните според сите истражувања на јавно мислење, многу е здраво за еден демократски процес, и нормално политички текови кои се базираат на аргументирано креирање политики, не на демагогија и задкулисни коруптивни мотиви, да имате граѓанска претставеност и на локално, но и во сите домени на власта, политичката власт каде што законот дозволува“, вели тој.
Она што се принудени граѓанските организации, односно иницијативи е да формираат политички партии, смета Трошановски, бидејќи за нив е потребно само 1.000 потписи, што не беше променето со овој Изборен законик.
Според него, тоа секако е во интерес и на актуелните партии, кои што, ако се зголемеше и тој праг, ќе им направеше на помалите потешко да се пререгистрираат, смета Трошановски.
„Така што, ја префрла на некој начин целата политичка битка само во арената на политичките партии, што секако е на штета на демократскиот процес“, вели Трошановски.
Дополнително, претседателот на Институтот за демократија вели дека со зголемените прагови, политичката граѓанска понуда сега се става во кошот со останатите политички партии, додавајќи дека досега значително е компромитиран поради начинот на кој ја практикуваат власта.
„И одзема тоа што е дистинктивна карактеристика на граѓанските организации, а тоа е непартискиот живот којшто не бара клиентелизам, не бара лојалност по вертикала и деклонира политичари кои што повторно без интегритет ја практикуваат политиката, туку има граѓани кои што поради своите компетенции, реализираност со своите кариери и професии, сакаат да придонесат за јавното добро, без ништо да бараат за возврат. Ставајќи ги сега сите во еден кош, како политички партии, на некој начин и делумно ќе им ја одземе малце онаа поддршка од граѓанството, тие граѓански иницијативи, што не се препознаваше во актуелната политичка понуда на партиите на оваа сцена“, дециден е Трошановски.
Бројот на потписи да биде симболичен, бараат независните листи
Независните листи, како што вели Димески, сметаат дека бројот на потписи воопшто не треба да зависи според големината на изборната единица или општината, туку како што вели, тоа да биде на фиксен број од 50 собрани потписи за било кои независни кандидатски листи, но и да се зголеми периодот на собирање на 30 дена.
Во заедничката реакција на независните листи пак, се посочува дека во споредба со земјите во чие друштво сакаме да бидеме, на пример Австрија и Белгија имаат барање од 200-500 потписи, зависно од регионот.
„Потоа, во Британија се 10 потписи, Финска – 10 потписи или три и пет во помали општини, Германија – 200 потписи, Данска помеѓу 150 и 200, Ирска 15 потписи за општини и 60 за парламентарни избори, Кипар и Малта – четири потписи, Грција – 12 потписи, а во Естонија и Франција нема барања за потписи“, се додава во заедничката реакција.
Тие реагираат дека во земјава, потребата од демократија и плурализам е огромна, како резултат на незадоволството од делувањето на постоечките партии.
„Независните и досега се соочуваа со дискриминаторски методи преточени во законски одредби или наследени пракси од институциите“, потенцираат иницијативите.
Претседателските избори се закажани за на 24 април, а парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, заедно со вториот круг од претседателските избори. Изборната кампања ќе започне на 18 април на полноќ и ќе трае до 6 мај на полноќ.
Мартин Колоски
-
Të mëdhenjtë i shtyn më të vegjlit nga listat e pavarura të formojnë parti
Në më se 3 muaj deri në zgjedhjet parlamentare, Kuvendi i bashkuar me 84 vota “për” dhe vetëm 2 të “përmbajtur” votuan ndryshime të reja të Kodit Zgjedhor, me të cilat vështirësohet procesi për kandidimin e listave të pavarura, si dhe të listave të pavarura për këshilla në disa komuna. Tani për shembull për zgjedhjet parlamentare ato në vend të 1000 nënshkrimet e nevojshme të zgjedhësve në listën zgjedhore në një njësi zgjedhore, ata do të duhet të mbledhin nënshkrime nga më së paku 1% nga zgjedhësit, që afërsisht i bie prej rreth 2.400 deri në 3.400 nënshkrime veçmas për një njësi zgjedhore, ose dy deri në trefish më shumë nënshkrime. Propozuesit e ligjit në të cilin janë përfshirë edhe ndryshimet e tjera, theksojnë se, zgjidhja e propozuar ligjore është në drejtim të përmirësimit të procesit zgjedhor, por listat e pavarura reagojnë ashpër se, me ndryshimet përjashtohen nga loja kadidatët e pavarur dhe i pengojnë të marrin pjesë në të gjitha zgjedhjet e ardhshme në nivel lokal dhe nacional.
OSBE paraprakisht rekomandoi që, pragu për nënshkrime për kandidaturë të listave të pavarura për këshilltarë të qytetit të rritet por më së shumti në 1%. Por, në këtë rast, me ndryshimet e reja të Kodit Zgjedhor partitë kanë shfrytëzuar maksimumin prej 1% për listat e pavarura për këshilltarë të qytetit dhe për deputetë.
Në një reagim të përbashkët para disa ditëve, disa lista të pavarura Shans për Qendrën, Të pavarur për Karposhin, Qytet i Gjelbër Human, Të gjelbërit nga Gazi Baba nga Shkupi, Më mirë për Tetovës nga Tetova, Ndryshe nga Manastiri, Stiga E nga Strumica dhe Stiga E – Front kundër minierës dhe ndotësit e mjedisit jetësor – Bosilovë, Novo Sellë reaguan se me ndryshime të këtilla, për kandidimin e deputetëve në njësinë zgjedhore (NJZ) 1, tani në vend të 1000 nënshkrime, nevojiten 3.372.
Në ndërkohë, në NJZ 2, ai numër do të ishte 2.408 nënshkrime, në NJZ 3 – 3.005, në NJZ 4, 1.945 nënshkrime më shumë, në NJZ 5 nevojiten 3.395 nënshkrime, ndërsa një njësinë e fundit zgjedhore NJZ 6, nevojiten 2.486 nënshkrime. Listat e pavarura reagojnë se, me ndryshimet praktikisht i kanë përjashtuar nga loja kandidatët e pavarur dhe i kanë penguar të marrin pjesë në të gjitha zgjedhjet e ardhshme në nivel lokal dhe nacional.
Këshilltari i pavarur Jane Dimeski nga nisma dhe lista e këshilltarëve në Komunën Qendër “Shans për Qendrën” sqaron për Radio MOF se, kjo është jologjike, sepse për formimin e partisë kërkohen vetëm 1.000 nënshkrime, ndërsa për kandidim të listës së pavarur nevojite dy-trefish më shumë.
“Praktikisht i shtyn të gjitha iniciativat drejt asaj të menojnë për regjistrimin e mundshëm si parti. Vet sistemi është i bërë në atë mënyrë, t’i favorizojë partitë dhe t’i dekurajojë iniciativat e pavarura të cilat për shembull si e jona, me siguri edhe të tjerat që kanë rezistencë ndaj formës së funksionimit të partive politike në përgjithësi. Sepse, partia politike në vet strukturën kur i shohim se si janë vendosur dhe si formohen në Maqedoni, ato implikojnë në mënyrë automatike, tërheqin drejt masivitetin, me atë tërheqin edhe drejt klientelizmit, drejt nevojës për financime të mëdha për shembull, që megjithatë hap mundësi për korrupsion, për ndikimin prej anash ndaj partive, të jenë të varur nga financuesit, ndërsa e dimë se kush janë financues në Maqedoni, çfarë njerëz investojnë në partitë”, tha Dimeski.
Listat e pavarura u befasuan nga ndryshimeve dhe për këtë edhe reagimi i tyre i parë ka qenë se bëhet fjalë për ndryshime të këqija.
“Fillimisht, sepse ato miratohen para zgjedhjeve, ndërsa e dyta miratohen pa asnjë konsultim me këdo tjetër. Atë që ne e dimë, asnjë konsultim publik nuk ka pasur për këtë”, tha Dimeski.
Këshilltari i pavarur sqaron se, nuk kanë qenë të thirrur për konsultim, që mendojnë se është e domosdoshme sepse ndryshimet kanë të bëjnë pikërisht me ata.
“Ne jemi ata të cilët kemi pasur përvojë me këto çështje, kështu që, nëse u ka interesuar ndonjë kontribut konstruktiv ndaj ndryshimeve, është dashur patjetër të na thirrin dhe të na pyesin çfarë mendoni për këtë për shembull dhe këtu do t’ua kishim dhënë propozimet tona, si të rregullohet ajo më ndryshe për shembull”, thotë Dimeski.
Iniciativat e pavarura ende konsultohen për hapat e ardhshëm. Në ndërkohë, partitë politike, siç thotë Dimeski, heshtin për ndryshimet dhe nuk reagojnë në vërejtjet e tyre, ndërsa supozon se nuk planifikojnë fare, përkatësisht u përshtatet kjo të mbetet nën sipërfaqe dhe të harrohet, duke pasur parasysh vet mënyrën në të cilën janë miratuar ndryshimet.
“Nismat janë të detyruara të formojnë parti politike”
Këto ndryshime janë tentimi i dytë për intervenim në ligj, me qëllim të ngulfatjes së ofertës politike nga ana e qytetarëve të pavarur – të papërcaktuar, përmes kandidatëve qytetarë, vlerëson kryetari i Institutit për Demokraci “Societas Civilis” (IDSCS) Marko Troshanovski.
Tentimi i parë siç thotë ai, u dënua edhe nga ODIHR, sektori civil dhe gjithë opinioni në përgjithësi.
“Por, në tentimin e dytë, në sotuatë të fushatës parazgjedhore dhe defokus nga zhvillime tjera të ndryshme, disa kaloi në mënyrë të paligjshme, pa u vërejtur, të themi u kontrabandua më me vendosshmëri përmes ndryshime të tjera të Kodit Zgjedhor të cilat u harmonizuar dhe në thelb e pamundësoi opcionin qytetar në këto zgjedhje të merr pjesë në nivel të barabartë me partitë politike, duke pasur parasysh se zgjedhjet e kaluara lokale kishte numër rekord me këshilltarë të pavarur, ku dhjetëra mijëra votues, votuan për diçka që nuk është ofertë standarde politike”, është decid Troshanovski.
Partitë, sipas tij, me siguri kanë parë kërcënim për rejtingun e tyre apo rezultatet nga zgjedhjet dhe vendosën ta rrisin pragun, në bazë të së cilit listat qytetare do të mund të kandidojnë në këto zgjedhje.
Shumë nga këshilltarët e pavarur të këshillave të komunave, jo rrallë janë krip në sy dhe kritikë kryesorë të koalicioneve të prapaskenave që dhe kombinimeve jo transparente të një pjese të partive politike, thotë Troshanoski i cili shton se, për këtë, tani nevojiten rreth 3.000 nënshkrime që të regjistrohen.
“Që gjithsesi është shumë vështirë të bëhet, kur zgjedhjet fillojnë vetëm për disa javë dhe në njëfarë mënyrë i përjashton nga ky cikël zgjedhor për zgjedhjet parlamentare”, shton ai.
I gjithë procesi, sipas kryetarit të “Societas Civili”, është zbatuar në mënyrë të paturpshme dhe tinëzare, duke shtuar se ka merituar reagim shumë më të madh, si nga ODIHR ashtu edhe nga të tjerët.
“Dhe do të thoja se, edhe pse ishte mbuluar ga mediat dhe sektori civil, vlerësoj se është e pamjaftueshme. Sepse, në situatë të mbështetjes jashtëzakonisht të ulët te partitë politike, besimit në institucione dhe në vet partitë nga ana e qytetarëve sipas të gjitha hulumtimeve të opinionit publik, është shumë e shëndetshme për një proces demokratik dhe kuptohet rrjedha politike të cilat bazohet në krijimin e politikave të argumentuar, jo të demagogji dhe motive korruptive në prapaskevë, të keni përfaqësim qytetar edhe në pushtetin lokal, por edhe në të gjithë domenet e pushtetit, pushtetit politik ku e lejon ligji”, thotë ai.
Organizatat qytetare përkatësisht iniciativat, detyrohen të formojnë parti politike, vlerëson Troshanovski, sepse për to nevojiten vetëm 1000 nënshkrime, gjë që nuk u ndryshua me këtë Kod Zgjedhor.
Sipas tij, gjithsesi është në interes edhe të partive aktuale, të cilat, nëse rritej ai prag, do të bënte që partitë më të vogla ta kenë më të vështirë të riregjistrohen, vlerëson Troshanovski.
“Kështu që në njëfarë mënyrë, gjithë betejën politike e zhvendosën vetëm në arenën e partive politike, që gjithsesi është në dëm të procesit demokratik”, thotë Troshanovski.
Për më tepër, kryetari i Institutit për Demokraci thotë se, me pragun e rritur, oferta politike qytetare tani vendoset në një thesë me partitë e tjera politike, duke shtuar se, deri më tani është komprometuar ndjeshëm për shkak të mënyrës në të cilën e praktikojnë pushtetin.
“Dhe heq atë që është tipar dallues i organizatave qytetare, ndërsa ajo është jeta jopartiake e cila nuk kërkon klientelizëm, nuk kërkon lojalitet vertikal dhe deklonon politikan të cilët sërish e praktikojnë politikën pa integritet, dëshirojnë të kontribuojnë për të mirën publike, pa kërkuar asgjë për kthim. Duke i vendosur të gjithë në një thes, si parti politike, në një mënyrë edhe pjesërisht do t’ia merr pak atë mbështetje nga qytetaria, ato iniciativa qytetare, e cila nuk u njoh në ofertën aktuale politike të partive në këtë skenë”, është decid Troshanovski.
Numri i nënshkrimeve të jetë simboli, kërkojnë listat e pavarura
Listat e pavarura, siç thotë Dimeski, vlerësojnë se, numri i nënshkrimeve nuk duhet fare të varet sipas madhësisë së njësisë zgjedhore apo komunës, por siç thotë, ajo të jetë në numrin fiks prej 50 nënshkrimeve të mbledhura për cilën do listë të kandidatëve të pavarur, por edhe të rritet periudha e mbledhjes në 30 ditë.
Ndërkaq në reagimin e përbashkët të listave të pavarura theksohet se, në krahasim me vendet në bashkësi të së cilës duam të jemi, për shembull Austria dhe Belgjika kanë kërkesa prej 200-500 nënshkrime, varësisht nga rajoni.
“Më tej në Britani janë 10 nënshkrime, Finlandë – 10 nënshkrime apo tre dhe pesë në komunat më të vogla, Gjermani – 200 nënshkrime, Danimarkë mes 150 dhe 200, Irlandë 15 nënshkrime për komuna dhe 60 për zgjedhje parlamentare, Qipro dhe Maltë – katër nënshkrime, Greqi – 12 nënshkrime, ndërsa në Estoni dhe Francë nuk ka kërkesë për nënshkrime”, thuhet në reagimin e përbashkët.
Ata reaguan se në vend, nevoja për demokraci dhe pluralizëm është e jashtëzakonshme, si rezultat i pakënaqësisë nga vperimtaria e partive aktuale.
“Të pavarurit edhe deri më tani janë përballur me metoda diskriminuese të përkthyera në dispozita ligjore apo praktika të trashëguara nga institucionet”, potencojnë iniciativat.
Zgjedhjet presidenciale janë caktuar për më 24 prill, ndërsa zgjedhjet parlamentare do të mbahet më 8 maj së bashku me rrethin e dytë të zgjedhjeve presidenciale. Fushata zgjedhore do të fillojë më 18 prill në mesnatë dhe do të zgjasë deri më 6 maj në mesnatë.