Од 1 јуни започнува нова сезонска авиолинија од Скопје до Крф, објави Меѓународниот Аеродром Скопје преку нивната Фејсбук страница.
Авиолинијата е овозможена од грчката компанија „Aegean Airlines“ и ќе биде активна до 28 септември.
„Возбудени сме што можеме да објавиме дека од 1 јуни 2024 година, ‘Aegean’ ќе почне да сообраќа со нова сезонска #авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Крф, обезбедувајќи извонредна и уникатна конекција меѓу енергичниот град Скопје со живописниот остров Крф во Грција“, напишаа од Скопскиот аеродром на Фејсбук.
Авиобилетите можат да се резервираа на следниов ЛИНК.