Концерт на Добрила и Дориан Дуо во сабота во „Јавна соба“

Добрила и Дориан Дуо на 6 април (сабота) ќе свират целовечерен концерт во „Јавна Соба“ во Скопје.

Добрила Грашеска која пее македонски традиционални песни и Дориан Јовановиќ кој свири инструмент со 12 жици, познат низ целиот Медитеран во 2020 започнаа проект кој го заокружија со албумот Апокриф (SJF Records, 2021).Нивниот првенец претставува фузија меѓу знајното и незнајното, прифатеното и непознатото, тишината и звуците од околината и желбата за осознавање и препознавање. Oвој албум беше оценет како ремек-дело од жанрот „музика на светот“ со што дуото започна да се претставува низ големите концертни сцени во Европа.

Во март, 2023 година повторно под етикетата на SJF Records, се појави албумот под име „Пиле шарено“. Албумот  веднаш по појавувањето доби феноменални оценки искачувајќи се на највисоките места и на регионалните и на светските топ- листи од „музиката на светот“. 

Билетите за концертот на  6 април во Јавна Соба можат да се обезбедат онлајн преку веб платформата https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=406 

Концертот на Добрила и Дориан Дуо кој е во рамки на „Светско, а наше – Саботи на светска музика“, во организација на „Јавна Соба“ е последен од овој циклус.

До сега во рамките на “Светско, а наше” – фестивалот на светска музика, изведена од македонски бендови се одржаа 7 концерти од овој жанр. Почнувајќи од февруари, секоја сабота вечер во Јавна соба, настапија бендовите: Калата, Зарина Првасевда, Фолтин, Чалгија Саунд Систем, Афро Гитано, Пијан Славеј и ВИС Билјана