По една година од издавањето на последниот албум „Никогаш Пак”, „Фанк Шуи“ го најавуваат нивниот самостоен концерт во Скопје. Концертот ќе се одржи на 26 април на новата сцена во културно-едукативниот центар Лабораториум, со почеток во 21 часот.”
Во 2023 година, „Фанк Шуи“ одржаа повеќе од 20 концерти во Европа и на Балканот а по објавувањето на нивниот албум одржаа и два концерти во Скопје во Младинскиот Културен Центар.
Билетите за концертот се во претпродажба од денес и се достапни онлајн на www.ticketx.mk, и во LAB Cafe.