Со месеци и години една од темите кои се високо на приоритетите на граѓаните е загадувањето и заштитата на животната средина. Високо на приоритетите на граѓаните, ниско во политичките реализации на партиите, велат од еколошката организација „О2 Инницијатива“.
Според еко-активистите, ова е една од темите која директно и долгорочно влијае на квалитетот на живот на нашите граѓани и е директна причина за загрозување на здравјето, на природата, на природните ресурси, на среќата и задоволството, на отселувањето, на перцепцијата дека оваа држава е преубава и превалкана во исто време.
„Еве ги приоритетите на кои сите кои претендираат да бидат дел од извршната власт мора да се фокусираат. Нема време за нови оправдувања, на погрешни проценки и штетни проекти“, посочуваат од „02 Иницијатива“, од каде објавија и своја визуелизација со вложувања што треба да се направат против загадувањето и за заштита на животната средина.