#ПетAлбумиЗаПоДома на Ангела Бошкоска

Во рубриката #ПетAлбумиЗаПоДома денеска ја имаме Ангела Бошкоска. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и новинарка која не се бави со музика освен кога, најчесто, треба да одбере за во видео или reel.

Ова е нејзиниот избор на #ПетАлбумиЗаПоДома, со нејзин краток осврт кон одбраните музички парчиња:

***

1.SOJA Born in Babylon (2009)

Албум за кога се чувствувам убаво со себе, тажно, осамено или за со моите омилени луѓе, едноставно звук за секој „mood“ кога си дома.

2.Mild Orange Foreplay (2018)

Кога го открив го слушав со денови; дома, на постојка, во автобус Тетово – Скопје и обратно. Ги буди најнежните чувства во мене за кои не бев свесна дека сум способна да ги почувствувам.

3.Tonyo San Заборавените обиди – пакет 3 (2023)

Тешко ми е да изберам еден од сите негови албуми, но кога треба да ги сведам на само пет албуми за по дома, го бирам третиот од трилогијата „Заборавените обиди“. Цела трилогија е одлична, и успат сѐ друго од новото, но со третиов се осеќам како да комуницираме, па фала за сите три минути со тебе кои некогаш траат со денови. :)

4.Erykah Badu Mama’s Gun (2000)

Ерика Баду за мене е една од најдобрите женски музички артисти. Албум со необичен шмех кој или ти се свиѓа или не. Особено ако имаш „green eyes“ и јадеш „a lot of vegetables“. :)

5.Nina Simone Nina Simone Sings the Blues (1967)

Од заводливата „Do I Move You?“ како прва песна, до „I want a Little Sugar In My Bowl“ – албумов е ежење и покрај пеењето и музиката, може најмногу ми се допаѓа поради текстот кој може да е длабоко активистички и тоа истовремено да флертува со одредени емоции во тебе.

***

Радио МОФ ја започна рубриката #ПетАлбумиЗаПоДома со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје. Објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња. Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку споделуваме музика за секој ден, во секое време. Луѓето ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат.

Досега се објавени #ПетАлбумиЗаПоДома на:

Ѕвездан Георгиевски – Петар Антевски – Сара Цветкоска – Мартина Баракоска – Сара Миленковска – Златко Ѓелески – Горан Костовски – Индог – Драган Иванов – Druggy – Катериња – Милчо Манчевски – Калиа Димитрова – Ивана Маркоска – Tōkyō de Ville – Митко Гогов – Ерина Богоева – Јасмина Јонуз – Давид Николовски – Ива Јованова – Игор Јадровски – Горјан Јовановски – Христина Ѓорѓиевска – Никола Цанев – Цене – Ана Здравкова – Тони Димитров – Тина Иванова – Медина Хоџа – Маријан Зафировски – Ариф Адеми – Стефанија Тенекеџиева – Елена Пешевска – Ивановска – Дафина Шекутковска – Михаил Караколев – Михајло Мишко Грбевски – Биљана Стојановска – Ирина Јаневска – Марко Џамбазоски – Даниел Димитров – Теа Шалдева – Едис Кесаси – Стефан Видиков – Илија Ангелоски – Гиле – Михаил Петровски – Фросина Пармаковска – Димитар Димоски – Никола Јовановски – Маја Атанасова – Благица Петрова – Кристијан Караџовски – Ивана Настеска – Кристијан Петковски – Ана Голејшка Џикова – Борјан Гаговски – Иван Шопов – Калина Качоровска – Атанасија Гулевска-АТА – Мартин Анастасовски – Александар Бошков – Данче Ефтимова – Марина Савеска – Тамара Стојаноска – Филип Букршлиев – Катерина Иванова – Анте Гулин – Анастасија Саздовска – Димитар Тодороски – Бојана Низамовска – Дејан Василевски – Гето Руди – Горан Конев – Клаус – Леонида Гулевска – Бисера Атанасова – Иван Димишков-Димиш – Михаил Каровски-Натрикс – Анастасија Павловска – Бјанка Станковиќ – Ена Утевска – Александар Анѓелковиќ – Атанас Велковски – Јован Близнаковски – Маргарита Арсова – Кирил Колевски – Рамона КочишкаТеодора Соколовска

***