Горица 3, Охрид. После долго време планираниот хотел започнува да се гради. Макотрпно човечки пошумениот рид во минатиот век, продаден пред 10-ина години, површина од 15.778 м2, раскрчмен, во сопственост на „ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје“ на Мијалкови, во чија сопственост е и хотелот „Мериот“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, реагираат од еколошката организација „О2 Иницијатива“, од каде објавија и фотографија.
Според еко-активистите, „ДИВЕЛОП ГРУП“ официјално на хартија е во сопственост на Александар Ивановски – познат како Алек Теранова и „БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ“ Скопје, во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков.
„Прашања кои се наметнуваат: Кој и зошто го продал ова државно богатство кое во минатото педа по педа макотрпно се пошумувало? Кој издал дозвола? Врз основа на каков план? Дали била транспарентна и правилна постапката за издавање на дозволата?“, прашуваат од „02 Иницијатива“.