Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Елена Тодоровска, ученичка во СУГС Гимназија „Орце Николов“, во француската билингвална паралелка.
Таа за Радио МОФ вели дека во слободно време се бави со различни видови уметност, меѓу кои и со фотографија.
„Фотографијата е уметност на доловување на моментот, приказ на убавината и комплексноста на сѐ што нѐ опкружува. Нѐ учи да се фокусираме на деталите во секојдневието и ни овозможува да ја истражиме нивната суштина. Таа претставува визуелно патешествие, каде единствено фотографот има моќ да одлучи кој миг од времето ќе го овековечи. Ова се дел од моите последни фотографии, изработени во соработка со моделот Кристина Димовска“, вели Елена.
Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.
Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.