Од најновите играчки со далечинско управување, до направата која делумно им го враќа видот на слепите луѓе – иноваторите и оваа година ја покажуваат својата креативност и одушевуваат со изуми кои решаваат практични проблеми, но и стари научни предизвици.
Еве некои од најдобрите иновации кои беа претставени оваа година:
Соларниот павилјон на Volvo. Флексибилен панел за сончева енергија, кој го напојува хибридниот модел V60 и се собира во багажникот на автомобилот.
Gravitylight – ламба што работи на тежина. Инженерите на Deciwatt добиле задача да изработат ламба која ќе ги замени штетните и опасни керозински светилки кои се користат во неразвиениот свет, а ќе чини помалку од десет долари. Резултатот е Gravitylight – оваа ламба дава 25 минути светло, само од тежината на кеса со камења или песок што се прикачува на неа.
Вештачки панкреас. Пациентите со дијабетес тип 1, кои имаат проблем со регулирањето на нивото на шеќерот во крвта, добија направа која тоа го прави наместо нив. Исто како вистински панкреас, компјутерски управуваната направа го детектира падот на шеќерот и веднаш го блокира преголемото излачување на инсулин.
3Doodler е тродимензионално пенкало кое користи загреана пластика и технологија слична на 3д-печатењето за создавање цврсти тридимензионални објекти во сите замисливи форми. Иноваторите од компанијата WobbleWorks собрале над 2 милиони евра на Kickstarter за развој на овој изум.
Магазинот Time состави листа од 25 најдобри иновации на 2013-та, а во ова видео е нивниот избор на најдобрите 5: