Во организација на Градот Скопје и средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) се реализира завршната изложба на средношколските годишни проекти.
Учениците на изложбата презентираа проекти од областа на архитектурата, градежништвото и геодезијата.
Изложбата ја отвори градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека заедничката реализација на проектите посветени на знаењето, креативноста, талентот и вештината на нашите средношколци, искажани низ образовните и воннаставните активности во текот на училишната година се огромен успех за учениците, родителите и наставниот кадар.
Фото: Град Скопје