Еден од најпознатите настани кој многу гејмери го чекаа со нетпрение, „БлиКон 2024“ е откажан, објави компанијата „Близард“ во четвртокот, пренесува gg.mk.
Како што велат од компанијата за видео игри, одлуката за неодржување на големата гејминг-конвенција ја донеле по „внимателно разгледување во текот на минатата година“.
„Оваа одлука не беше донесена лесно, бидејќи БлизКон останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат. Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме БлизКон во идните години. За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме возбудливи планови за други саеми и конвенции во индустријата, како што е Гејмском. Не можеме да дочекаме наскоро да ви откриеме повеќе за тие планови“, соопштија од компанијата.
Како што пишува сајтот gg.mk, „БлизКон“ вообичаено беше настан каде „Близард“ дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, „Близард“ го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на „Диабло 4“ наречена „Сад на омразата“ (Vessel of Hatred), како и три експанзии за „Ворлд оф Водкрафт“ и многу повеќе.
Што се однесува до плановите на „Близард“ за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни објави во „текот на следните неколку месеци“.
Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината на Близард“.