Во кафе барот Порта Џез во Битола, денеска (30 април) ќе биде отворена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски, посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов (1972 – 2024).
Како што информираат од Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ-Битола), фотографиите се сценски фотографии во вид на комбинирано спојување меѓу визуелна и аудитивна (музичка) импровизација специфична за џез музиката, а се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез.
Проектот на МКЦ-Битола, Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од Швајцарската Амбасада во Скопје.