Трето издание на Фестивалот на проза во Куманово

Третото издание на Фестивалот на проза ќе се одржи на 30 и на 31 мај во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Како што информираат организаторите, на фестивалот покрај домашните писатели, ќе има гости од Бугарија, Србија и Црна Гора.

Во склоп на фестивалот се плаирани работилници за најмалите, работилница за креативно пишување, две вечери дискусија за прозата.