На 11 мај во 12 часот на сцената на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се игра претставата за деца „Далматинко” во продукција на Театар ХИТ Скопје.
„Далматинко е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно“, стои во соопштението.
Автор и режисер е Сашо Ристовски, а во претставата играат Бранко Атанасов, Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски. Костимографијата е на Раде Василев.
Повеќе детали може да најдете тука.