Младите Енис Асипи и Христијан Божиновски, млади со оштетен слух ја спроведоа работилницата „Преобликување на перцепциите: идентитет и младинско учество“ која се одржа во просториите на Младински образовен форум (МОФ) во Скопје.
„За време на работилницата за млади, учесниците беа водени низ интерактивни активности за запознавање и дискутираа за важноста и потребата од активно младинско учество во општеството. Учесниците имаа прилика и да откријат нови начини и методи на делување со цел да придонесат кон позитивни промени во своите заедници. Преку интерактивни активности, учесниците истражија како младите можат да бидат вклучени во процеси и донесување на одлуки што влијаат на нивниот живот и општество“, соопштуваат од МОФ.
Оваа обука МОФ ја организираше во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, кој го спроведува во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.