Mладите во изборните програми на партиите

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Младите луѓе секогаш наоѓаат простор на долго и широко во програмите на партиите за сите избори. Така и оваа кампања, некои партии ветуваат Министерство за млади, други надградување на мерката „Купи куќа за млади“, трети воведување бесплатно високо образование, четврти изградба на детска болница, а петти долгорочни кредити за новоформирани младински компании што ќе ги субвeнционира државата.

    СДСМ и коалицијата

    Програма за европска иднина“ се вика документот за претстојните избори на 8 мај на СДСМ и коалицијата, каде е вклучен посебен Младински манифест. Тој има седум столбови, а првиот се однесува на квалитетни работни места на конкурентен пазар на труд, преку заложби за универзален минимален приход, пристап до квалитетни работни места, како и концептот – плата за живот.

    Потоа, тие предвидуваат и пристап до квалитетно и инклузивно образование и обука преку достапно, пристапно и квалитетно образование за сите млади. Најавуваат дека ќе се имплементира Европската детска гаранција, потоа наставни програми кои поттикнуваат креативност, мотивираност и критичко размислување, воведување сеопфатно сексуално образование во училиштата, но и доживотно и неформално учење и тренинг.

    Во Младинскиот манифест е вклучен и младинскиот стандард, преку кој се залагаат за унапредување на младинското учество. Тука е и грижата за менталното здравје на младите и програми за финаниско јакнење на животниот стандард на младите. Новитет е и Министерство за млади – посебна инстуција со свој буџет.

    Функционалната држава е уште еден од столбовите кои се спомнува во предизборната кампања на досегашната владејачка партија. Тоа, меѓу другото, планираат да го остварат преку прогресивен данок, општество без корупција, транспарентно работење на јавната администрација и дигитализирање на сите институционални процеси и документи.

    Социјалдемократите ветуваат ефикасно и независно судство ослободено од партиски влијанија, како и универзален пристап до квалитетна здравствена заштита.

    Програмата се залага и за достапно, пристапно и достоинствено домување преку утврдување на максималниот износ на цените на пазарот за издавање недвижнини. Има и план за јавно домување на млади до 29 години, програма за субвенционирани и поволни цени за купување на сопствен дом за млади до 29 години, самостојно асистирано живеење на лицата со попреченост и енергетски ефикасни домови.

    Во фокусот на СДСМ и коалицијата е еднаквоста и вклученоста преку живот ослободен од насилство за секоја жена/една, еднакви можности на пазарот на трудот, еднаква застапеност на жените на одлучувачки позиции, сексуално и репродуктивно здравје и права, правата на жената Ромка и правата на лицата со попреченост.

    Дополнително, ветува и социјално праведна енергетска трансформација, пристап до сигурна и евтина енергија за сите и промовирање на велосипедизмот како дел од столбот „климатска акција“.

    ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

    „Време на младите“ стои како посебен дел од „Платформа #1198“ на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ветуваат дом за млади, односно се залагаат за враќање и надградување на „Купи куќа за млади“. Оваа мерка предвидува повеќе бенефиции за млади луѓе што ќе се решат да купат свој дом, меѓу кои се исплаќање разни субвенции за изградба на куќа.

    Партијата исто така најавува и поддршка на млади земјоделци, но и финансиска поддршка за млади брачни парови кои ќе одлучат да се преселат во руралните краеви и таму да отпочнат свој бизнис. Исто така, неповратни средства за млади земјоделци за понуден бизнис план за отпочнување на земјоделски бизнис.

    Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ветува и „парт-тајм“ работа за студенти, односно законски измени кои ќе ја регулираат привремената работа кај младите, каде редовните студенти ќе можат да работат привремено за време на студиите.

    Понатаму, изработка на мобилна апликација преку која младите би ја користеле за попусти за влез во театри, музеи, културни иституции, јавен превоз, спортски настани и друго, а дополнителни попусти во соработка со приватниот сектор.

    ВМРО-ДПМНЕ се заложуваат и за реновирање на сите студентски и ученички домови и велат дека особен фокус ќе биде посветен на мензите, како и на квалитетот на храната. Истовремено, предвидуваат надградување на фитнес зоните, читалните и просториите за културно забавен живот во домовите.

    Во програмата се предвидува и стратешко планирање на младите специјализанти, односно се најавува фокус на нив и изработка на јасна стратегија за младите лекари, која ќе има во фокус обработување на кариерен план, утврдување на достоинствен финансискит надомест на специјализантите и платени дежурства и гарантирани работни места базирани на реални проценки на потребите од здравствен кадар.

    Издвојување по 1 денар од секој литар наточен дизел гориво за спортот, најавува партијата во својата програма, додавајќи дека со износот на годишно ниво ќе се обезбеди зголемување на инвестициите во спортската инфраструктура, директна поддршка на професионалниот и масовниот спорт, како и е едукација на спортко-наставниот кадар.

    Обезбедување 5 милиони евра за претриемачки иницијативи за млади како сеопфатна програма за поддршка на младинското вработување е уште една од заложбите на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот фокус ќе биде на млади претприемачи со бизнис планови во полето на модерните професии и ќе бидат дополнети со советодавни услуги во полето на легислативата, финансии и даноци, ИТ алатки, маркетинг и друго.

    Се предвидуваат и 50 милиони евра стипендии за студенти и средношколци во текот на еден мандат, како и намалување на намалување на партиципацијата за 50% за сите студенти до 25 години, кои се родители и стипендии за учениците што ќе постигнат резултати на олимпијади и натпревари во знаење во различни области.

    Левица

    Една од точките на Левица во програмата „Неподмитливите во Собранието!“ е создавање услови за здравствено и пензиско осигурување за млади фриленсери до 26 години.

    Понатаму, тие се залагаат за субвенционирање на социјалните станови за млади до 29 години, како и за млади брачни парови (со или без деца).

    Левица преку програмата предвидува и воведување бесплатно високо образование, т.е. потпоплно јавно субвенционирано факултетско образование, со целосно укинување на партиципациите и школарините за студентите.

    Исто така, Левица најавува гарантирано вработување во јавниот сектор на 10-те најдобри студенти од секој факултет, водедување целосно бесплатен превоз за ученици и студенти (градски и меѓуградски), како и универзитетски печатници за печатење бесплатна високошколска литература.

    Меѓу другото, оваа партија преку програмата се загала и за воведување бескаматни студентски кредити за сите студенти на државните универзитети, а кои ќе бидат обврзани да ги враќаат на рати – почнувајќи со исплата три месеца по првото вработување (доколку дипломецот сака да замине од земјава пред да го исплати кредитот, би бил обврзан веднаш и во целост да го врати целиот износ).

    Дополнително, како една од точките е и намалување на бројот на државни универзитети на четири (Скопје – УКИМ; Битола – УКЛО, Штип – УГД и Тетово – ДУТ).

    Тука е и најавената националната програма „Работа за секого“ со мерки за интегрирање во трудовиот процес на млади лица без родители или без родителска грижа.

    Левица најавува и издвојување на посебна категорија за субвенционирање – млади земјоделци, особено за: производство на млеко, занаетчиство, нови култури, еко-фарми и еко-туризам.

    Европски фронт предводен од ДУИ

    „Активни млади и еднакво општество“ се вика делот во изборната програма „Европа 2030“ на Европскиот фронт предводен од ДУИ. Меѓу другото, интегративците се заложуваат за политики за забавување на миграцијата и создавање можности за враќање во татковината со посесебна посветеност на младите.

    Ветуваат и унапредување на младинското учество, дигитална платформа за млади, поттикнување на младинското претприемништво, како и промоција на спортот и спортски ваучери.

    Сметаат дека можат да се постигне репрезентативна култура, а притоа и развој на уметноста, музиката, театарот, филмот и модерниот дизајн.

    Во делот образование, најавуваат зголемување на ваквиот буџет на над 4,5% од БДП, а тој за наука – над 1,5% од БДП. Интегративците се осврнуваат и на потребата за подобрување на квалитетот на образованието и меѓународни тестирања, подобрување на образовната инфраструктура (училишта, спортски сали), но и за целодневна и модуларна настава.

    Еден од фокусот на интегративците и нивните коалиционери е и зголемување на интегритетот и стандардот на наставниот кадар, а воедно и дигитализација на наставниот процес.

    ЗНАМ

    Новото Движење „За наша Македонија“ (ЗНАМ) во дел од изборната кампања „Проглас за достоинствена Македонија“ за парламентарните избори ветуваат максимални стимулации за учениците и студентите за да бидат најдобри и да останат во Македонија, како и дополнително дека за најдобрите студенти ќе бидат обезбедени стипендии во износ од 500 евра месечно.

    За најдобрите двеста студенти, во прогласот се предвидува и вработување во научните и во институциите на системот, со што, велат ќе се стави крај на партиските вработувања

    Исто така, тие предвидуваат наставните програми и планови да се усогласат со модерните технологии и достигнувања, додавајќи дека учениците мора да добијат образование приспособено на потребите на општеството и на економијата.

    Зголемување на функционалната писменост кај учениците, односно мотивација да сакаат да придонесат и кон науката, но и поттикнување на креативноста во областа на бизнисот и на финансиската едукација е уште една точка од нивниот проглас.

    Во нивниот проглас, тие се фокусираат и на долгорочни кредити за новоформираните компании од страна на млади, чии камати ќе ги субвенционира државата.

    Македонска Ера Трета

    Во изборната програма на „Македонска Ера Трета“ е предвидена изградба на детска болница во централна Македонија, како и нов Закон за спорт и финансирање на спортски клубови и поединци.

    Дополнително, тие најавуваат и „Дионисови игри/средби“ кои ќе претставуваат организирање семакедонски игри и средби кои би се одржувале секоја четврта година.

    „Македонска Ера Трета“ најавува и развој на спортски, морални, тимски, патриотски и борбени карактеристики кај целото население од најмала возраст. Во нивната програма вклучуваат и штафета на македонскиот јазик, а во сите Балкански држави – основање македонски национални Културно уметнички друштва кои ќе ги негуваат македонските ора и песни од цела Македонија.

    Ветуваат и ангажирање на храбри и национално свесни млади кои ќе бидат задолжени да патуваат по населените места и да го шират и унапредуваат македонизмот, односно да ги разнесуваат македонските весници, списанија, да организираат часови по македонски јазик и да основаат играорни и пеjачки и театарски групи.

    Во нивната изборна кампања предвидуваат и дневни центри како сервис на градот, во соработка со училиштата и реалниот сектор особено за деца од школска возраст.

    Политичката партија предвидува и бесплатен летен одмор со спортска, теренска, практична образовна програма за сите деца со ротација на локации низ цела Македонија во планинските и езерските капацитети. Престојот, како што додаваат, би се вршел во реставрирани детски кампови и одморалишта или новоизградени капацитети.

    Истовремено, тие за учениците и студентите со висок просек или други вредни постигнувања, при работа на проекти предвидуваат слободен јавен превоз на ниво на држава и субвенционирани патни трошоци при учество на конференции, саеми или спроведување на научни, иновациски, спортски или бизнис проекти во странство.

    Вреди

    Движењето „Вреди“ на Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Демократското движење има посебен дел во програмата што се вика „Младите, образованието, едукацијата“.

    „Вреди“ ветува дека за секое дете под 18 години, семејството ќе добива месечен додаток од 1.000 денари, а за секои 1.000 жители ќе биде изградено спортско игралиште. Градинките, како и училиштата, велат дека ќе бидат целосно под раководство на општините. Значително би го зголемиле бројот на градинки, со што би се овозможило зголемување на вработеноста на жените и ран развој на децата.

    За училиштата, ветуваат дека ќе бидат опремени со физички библиотеки, но и со дигитални библиотеки на албански јазик, каде што секој регистриран ученик ќе има пристап до локални или преведени книги. Училиштето треба да обезбеди интернет пристап за секој ученик, а ќе се опремат со лаборатории и современи технологии.

    „Вреди“ се фокусира и на морално и граѓанско образование, како задолжителен предмет. Омразата, дискриминацијата, неодговорноста, сметаат дека треба да се рушат во раниот училиштен развој.

    Движењето најавува поголема соработка со Албанија и Косово во повеќе делови од образованието – наставни програми со исти текстови како овие две земји, формирање на своевиден „Албански Еразмус“ и Албански јазик како факултативен предмет во дијаспората.

    „Вреди“ посочува дека ќе формира заеднички Совет на албанските универзитети, а законот за акредитација на приватните универзитети ќе биде усвоен според европски стандарди.

    Исто така, формирање албанска Академија на науките и уметностите, за промовирање и проучување на културата, историјата и вредностите на албанското општество во Македонија.

    Родина Македонија

    Она што го издвои политичката партија Родина е во однос на, како што посочија, заштита на детето и создавање дом и сопстевн кров над глава за секого.

    Тие предвидуваат забрана за секаква идеолошка и друга индоктринација на деца од страна на политички и невладини организации со принципи, како што велат, спротивни на македонските традиционални вредности, ЛГБТ заедницата и други туѓи влијанија.

    Слободен развој на детето во универзалните и традиционални вредности е уште една од нивните програми цели, како и заштита на детето од содржини кои веќе се дел од македонскиот медиумски простор, а кои ја имаат истата улога на идеолошка и друга индоктринација.

    Потоа, тие предвидуваат воспоставување социјални програми за развивање на социјалната компонента кај децата, кои се се’ повеќе отуѓени едно од друго со прекумерно користење на електронските средства.

    Родина најавува и настава во една смена на целата територија на државата за подобро планирање и реализација на слободните и социјални активности.

    Дополнително, програми за работен ангажман на младите уште од 16 годишна возраст во компании кои се дел од нивниот избор на струка со 4 часовен работен ден и субвенционирање од државата.

    Партијата во својата програма државен проект „Ефтин дом“, односно поефтинување на метар квадратен со употреба на еколошки материјали, енергетски ефикасен дом изграден во приградски и рурални средини за здрав развој на детето и семејствотом со субвенционирање, кредити со 1% камата и комплетна инфраструктура.

    Тие најавуваат и нова политика на домување каде на младите луѓе ќе им биде овозможено осамостојување со навршено полнолетство, а нивната цел, како што додаваат е клуч на рака по цена од 350 евра/м2 и 50% субвенција од државата.

    ***

    Радио МОФ неодамна правеше и анкета со млади луѓе, за да ги прашаме што очекуваат од новата Влада. Меѓу одговорите беа промени во образованието, можност за напредок и вработување, подобрување на студентскиот стандард, повеќе зелени површини и поголема финансиска помош.

    [Видео] Што очекуваат младите од новата Влада?

    Мартин Колоски и Бојан Шашевски

  • Të rinjtë në programet zgjedhore të partive

    Të rinjtë çdoherë gjejnë hapësirë gjërë e gjatë në programet e partive në të gjitha zgjedhjet. Ashtu edhe në këtë fushatë, disa parti premtojnë Ministri për të Ri, të tjetër përmirësim të masës “Bli shtëpi për të rinjtë”, të tjerë vendosin arsim të lartë falas, të tjerë ndërtim të spitalit për fëmijë, e disa të tjerë kredi afatgjate për kompani të reja të të rinjve që do t’i sybvencionojë shteti.

    LSDM dhe koalicioni

    “Programi për ardhmëri evropiane” thirret dokumenti i LSDM-së dhe koalicionit për zgjedhjet e ardhshme të 8 majit, ku është i përfshirë Manifest rinor i posaçëm. Ai ka shtatë shtylla, ndërsa e para ka të bëjë me vende pune cilësore në treg konkurues të punës, përmes zotimeve për të ardhura minimale universale, qasje në vende cilësore të punës, si dhe konceptin – pagë për jetë.

    Më pas, ata parashohin edhe qasje në arsim cilësor dhe inkluziv dhe trajnim përmes arsimit të disponueshëm, të qasshëm dhe cilësor për të gjithë të rinjtë. Paralajmërojnë se, do të implementohet Garanca Evropiane për Fëmijë, më pas programe mësimore të cilat nxisin kreativitet, motivim dhe mendim kritik, vendosje të arsimit gjithëpërfshirës seksual në shkolla, por edhe mësim dhe stërvitje të përjetshëm dhe joformal.

    Në manifestin rinor është i përfshirë edhe standardi rinor, përmes së cilit zotohen për avancimin e pjesëmarrjes rinore. Këtu është edhe kujdesi për shëndet mental të të rinjve dhe programe për përforcim financiar të standardit jetësor të të rinjve. Risi është edhe Ministria e Rinisë – institucion i posaçësm me buxhet të vetin.

    Shteti funksional është edhe një nga shtyllat të cilat përmendet në fushatën parazgjedhore të partisë së deritanishme në pushtet. Atë, mes tjerash, planifikojnë ta realizojnë përmes tatimit progresiv, shoqëri pa korrupsion, punë transparente në administratë publike dhe digjitalizim të të gjitha proceseve institucionale dhe dokumente.

    Socialdemokratët premtojnë gjyqësor efikas dhe të pavarur të çliruar nga ndikime partiake, si dhe qasje universale në mbrojtjen shëndetësore cilësore.

    Programi zotohet edhe për banim të përballueshëm, të qasshëm dhe dinjitozë përmes përcaktimit të shumës maksimale të çmimeve të tregut për dhënien me qira të patundshmërive. Ka edhe plan për banim publik të të rinjve deri në 19 vjeç, program për çmime të subvencionuara dhe të volitshme për blerjen e shtëpive personale për të rinjtë deri në 29 vjeç, jetesë e pavarur e asistuar për personat me aftësi të kufizuara dhe shtëpi me efikasitet energjetik.

    Në fokusin e LSDM-së dhe koalicionit është barazia dhe përfshirja përmes jetës së çliruar nga dhuna për çdo grua, mundësi të barabarta të tregut të punës, përfaqësim i barabartë i grave në pozitat vendim-marrëse, shëndet dhe të drejta seksuale dhe reproduktive, të drejtat e grave rome dhe të drejtat e personave me nevoja të posaçme.

    Po ashtu, premton edhe transformim energjetik të drejtë social, qasje në energji të sigurt dhe të lirë për të gjithë dhe promovim të çiklizmit si pjesë e shtyllës “aksion klimatik”.

    VMRO – DPMNE dhe koalicioni

    “Koha e të rinjve” qëndron si pjesë e posaçme e “Platformës #1198” të koalicionit “Maqedonia jote” të udhëhequr nga VMRO – DPMNE. Ata premtojnë shtëpi për të rinjtë, përkatësisht zotohen për kthim dhe përmirësim të “Bli shtëpi për të ri”. Kjo masë parasheh më shumë benefite për njerëz të rinj që do të vendosin të blejnë shtëpi të tyre, në mesin e të cilave janë dhënia e subvencioneve të ndryshme për ndërtim të shtëpisë.

    Partia gjithashtu paralajmëron edhe mbështetje të bujqve të rinj, por edhe mbështetje financiare për çifte martesore të reja të cilët do të vendosin të zhvendosen në vende rurale dhe aty të fillojnë biznesin e tyre. Gjithashtu, mjete të pakthyeshme për bujqit e rinj për plan biznesi të ofruar për fillimin e biznesit të bujqve.

    Po ashtu, VMRO – DPMNE premton edhe punë “part – time” për studentë, përkatësisht ndryshime ligjore të cilat do ta rregullojnë punën e përkoshhme te të rinjtë, ku studentët e rregullt do të mund të punojnë përkohësisht gjatë kohës së studimeve.

    Më tej, zhvillimi i një aplikacioni celular të cilin të rinjt do ta shfrytëzonin për lirime për hyrje në teatër, muze, institucione kulturore, transport publik, ngjarje sportive dhe të tjera dhe lirime shtesë në bashkëpunim me sektorin privat.

    VMRO – DPMNE zotohen edhe për rinovimin e të gjitha konvikteve studentore dhe të nxënësve dhe thotë se fokus të vepantë do t’i kenë menzat, si dhe cilësinë e ushqimit. Njëkohësisht, parashohim përmirësim të zonave të palestrave, leximoret dhe hapësirat për jetë kulturore argëtuese në konvikte.

    Në program parashihet edhe planifikim strategjik i specializantëve të ri, përkatësisht paralajmërohet se do të fokusohen tek ato dhe do të përgatitet strategji e qartë për mjekët e ri, e cila do të ketë në fokus përgatitjen e planit të karrierë, përcaktimin e kompensimit financiar dinjitoz për specializantët dhe kujdestari të paguara dhe vende pune të garantuara bazuar në vlerësime reale të nevojave nga kuadri shëndetësor.

    Ndarje nga një denar nga çdo litër dizell i shitur për sportin, paralajmëron partia në programin e saj, duke shtuar se me këtë shumë, në nivel vjetor do të sigurohet rritje e investimeve në infrastrukturën e sportit, mbështetje direkte të sportit profesional dhe masiv, si dhe edukim të kuadrit sportiv dhe pedagogjik

    Sigurimi i 5 milionë eurove për iniciativat ndërmarrëse për të rinj si program gjithëpërfshirës për mbështetje të punësimit të të rinjve është edhe një nga zotimet e VMRO – DPMNE-së. Fokusi i tyre do të jenë sipërmarrësit e ri me biznes plane në fushën e profesioneve moderne dhe do të plotësohen me shërbime këshilldhënëse në fushën e legjislacionit, financave dhe tatimeve, veglave të IT-së, marketingut dhe të tjerë.

    Parashihen edhe 50 milionë euro bursa për studentë dhe nxënës të shkollave të mesme gjatë një mandati, si dhe ulje të participimit për 50% për të gjtihë studentët deri 25 vjeç, të cilët janë prind dhe bursa për nxënës që do të arrijnë rezultate në olimpiada dhe gara në njohuri në fusha të ndryshme.

    E majta

    Njëra nga pikat e Të majtës në programin “Të pakorruptueshmit në Kuvend!”, është krijimi i kushteve për sigurim shëndetësor dhe pensional për freelancer të ri deri në 26 vjeç.

    Më tej, ata zotohen për subvencionim të banesave sociale për të rinj deri në 29 vjeç, si dhe për çifte të reja të martuar (me ose pa fëmijë).

    E majta përmes programit parasheh punësim të garantuar në sektorin publik të 10-të studentëve më të mirë prej secilit fakultet, vendosje të transportit plotësisht falas për nxënës dhe studentë (urban dhe ndërurban), si dhe shtypshkronja universitare për shtypje falas të literaturës të arsimit të lartë.

    Mes tjerash, kjo parti përmes programit, zotohet edhe për vendosjen e kredive studentore pa interes për të gjithë studentët në universitetet shtetërore, të cilët do të obligohen t’i paguajnë në këste – duke filluar me pagesën tre muaj pas punësimit të parë (nëse i diplomuari dëshiron të largohet nga vendi para se të paguajë kredinë, do të ishte i obliguar të kthejë shumë menjëherë dhe në tërësi.

    Më tej, si një nga pikat është edhe reduktimi i universiteteve shtetërore në katër (Shkup – UKIM, Manastir – UKLO, Shtip – UGD dhe Tetovë – USHT).

    Këtu është edhe programi i paralajmëruar nacional “Punë për çdokënd” me masa për integrim në procesin e punës të personave të rinj pa prind dhe pa kujdes prindëror. E Majta paralajmëron edhe veçimin e kategorisë së posaçme për subvencionim – bujq të rinj, posaçërisht për: prodhim të qumështit, zejtari, kultura të reja, eko – ferma dhe eko – turizëm.

    Fronti Evropian i udhëhequr nga BDI

    “Të rinjë aktiv dhe shoqëri e barabartë” thirret pjesa në programin zgjedhor “Evropa 2030” i Frontit Evropina të udhëhequr nga BDI. Mes tjerash, integristët zotohen për politika për uljen e migrimit dhe krijimin e mundësive për kthin në vendlindje me përkushtim të posaçëm ndaj të rinjve.

    Premtojnë edhe avancim të pjesëmarrjes rinore, platforma digjitale për të rinjtë, nxitje të sipërmarrësisë rinore, si dhe promovim të sportit dhe vauçerëve sportive.

    Vlerësojnë se, mund të arrihet kulturë reprezentative, duke zhvilluar artin, muzikën, teatrin, filmin dhe dizajnin modern.

    Në pjesën e arsimit, paralajmërojnë rritje të buxhetit të tillë në mbi 4,5% nga BPV, ndërsa atë për shkencë mbi 1,5% nga BPV. Integristët i referohen edhe nevojës për përmirësim të cilësisë së arsimit dhe testimit ndërkombëtar, përmirësim të infrastrukturës arsimore (shkolla, salla sportive), por edhe për mësim tërëditor dhe modular.

    Një nga fokuset e integristëve dhe koalicionuesve të tyre është edhe rritja e integritetit dhe standardit të kuadrit pedagogjik, ndërsa njëkohësisht edhe digjitalizm të procesit mësimor.

    ZNAM

    Lëvizja e re “Për Maqedoninë tonë” në një pjesë të fushatës zgjedhore “Proklamatë për Maqedoni dinjitoze: për zgjedhjet parlamentare premtojnë stimulime maksimale për nxënësit dhe studentët që të jenë më të mirët dhe të mbesin në Maqedoni, si dhe në mënyrë shtesë se për studentët më të mirë do të sigurohen bursa në shumë prej 500 euro muaji.

    Për dyqind studentë më të mirë, në program parashihet edhe punësim në institucionet shkencore dhe të sistemi, me çka, thonë se do t’i vihet fundi punësimeve partiale. Gjithashtu, ata parashohin që programet mësimore dhe planet të harmonizohen me teknologjitë dhe arritjet moderne, duke shtuar se nxënësit duhet të marrin arsim të përshtatshëm me nevojat e shoqërisë dhe ekonomisë.

    Rritja e edukimit funksional te nxënësit, përkatësisht motivim të duan të kontribuojnë edhe në shkencë, por edhe nxitje të kreativitetit në fushën e biznesit dhe të edukimit financiar është edhe një pikë nga programi i tyre.

    Në programin e tyre, ata fokusohen edhe në kredi afatgjate për kompanitë e sapoformuara nga të rinjtë, kamatat e të cilave do t’i subvencionojë shteti.

    Era e tretë maqedonase

    Në programin zgjedhor “Era e tretë maqedonase” parashihet ndërtimi i spitalit për fëmijë në Maqedoninë qendrore, si dhe ligj i ri për sport dhe financim të klubeve sportive dhe individëve.

    Po ashtu, ata paralajmërojnë edhe “Lojëra/takime të Dionisit” të cilët do të paraqesin organizimin e lojërave dhe takimeve gjithëmaqedonase të cilat do të mbaheshin në çdo katër vite.

    “Era e tretë maqedonase” paralajmëron edhe zhvillim të karakteristika sportive, morale, ekipore, patriotike dhe luftarake për të gjithë popullësinë nga mosha më e vogël. Në programin e tyre përfshijnë edhe stafetën e gjuhës maqedonase, ndërsa në të gjitha shtetet ballkanike – themelimin e shoqatave maqedonase nacionale kulturore artistike të cilat do t’i kultivojnë vallet dhe këngët maqedonase nga e gjtihë Maqedonia.

    Premtojnë edhe angazhimin e të rinjve të guximshëm dhe me vetëdije nacionale të cilët do të jenë të obliguar të udhëtojnë në vendbanime dhe të përhapin dhe avancojnë maqedonizmin, përkatëisht shpërndarjen e gazetave maqedonase, revistave, të organizojë orë të gjuhës maqedonase dhe të themelojnë grupe të valles, këngës dhe teatrit.

    Në fushatën e tyre zgjedhore parashohin edhe qendra ditore si servis të qytetit, në bashkëpunim me shkollat dhe sektorin real posaçërisht për fëmijë të moshës shkollore.

    Partia politika parasheh edhe pushim veror falas me program sportiv, të terenit, praktikues arsimor për të gjithë fëmijët me rotacion në lokacione në gjithë Maqedoninë në kapacitetet malore dhe të liqenit. Qëndrimi, siç shtojnë ata, do të bëhej në kampe dhe resorte të restauruara për fëmijë apo ambiente të sapondërtuara.

    Njëkohësht, për nxënësit dhe studentët me mesatare të lartë apo arritje të vlefshme gjatë punës në projekte ata parashohin transport publik falas në nivel shtetëror dhe harxhime të rrugës të subvencionuara gjatë pjesëmarrjes në konferenca, panaire apo zbatimit të projekteve shkencore, inovative, sportive apo të biznesit, jashtë vendit.

    VLEN

    Lëvizja “Vlen” e Aleancës për Shqiptarët, Alternativës, BESËS dhe Lëvizjes Demokratike ka pjesë të posaçme në program që titullohet “Të rinjtë, arsimi, edukimi”.

    “Vlen” premton se për çdo fëmijë nën 18 vjeç, familja do të merr shtesa mujore prej 1.000 denarë, ndërsa për çdo 1000 banorë do të ndërtohet kënd sportiv. Çerdhet, sikurse shkollat, thonë se do të jenë tërësisht nën udhëheqhe të komunave. Do të rrisnin numrin e çerdheve në mënyrë të konsiderushme, me çka do të mundësohej rritja e punësimit të grave dhe zhvillim i hershëm i fëmijëve.

    Për shkollat premtojnë se do të jenë të pajisura me biblioteka fizike, por edhe me biblioteka digjitale në gjuhën shqipe, ku çdo nxënës i regjistruar do të ketë qasje te librat lokal apo të përkthyera. Shkolla duhet të sigurojë qasje në internet për çdo nxënës, ndërsa do të pjaisen me laboratorë dhe teknologji bashkëkohore.

    “Vlen” fokusohet edhe në arsimin moral dhe qytetar, si lëndë obligative. Urrejtja, diskriminimi, papërgjegjësia,m vlerësojnë se duhet të zhbëhen në zhvillimin e hershëm shkollor.

    Lëvizja paralajmëron bashkëpunim më të madh me Shqipërinë dhe Kosovës në më shumë pjesë të arsimit – programe mësimore me tekste të njëjta si këto dy vendet, formimin e llojit të vet të “Erasmusit shqiptar” dhe gjuhën shqipe si lëndë fakultative në diasporë.

    “Vlen” thekson se do të formojë këshill të përbashkët të universiteteve shqiptare, ndërsa ligji për akreditim të universiteteve private do të miratohet sipas standardeve evropiane.

    Gjithashtu, formim të Akademisë shqiptare të shkencave dhe arteve, për promovimin dhe studiuar kulturën, historinë dhe vlerat e shoqërisë shqiptare në Maqedoni.

    Rodina Maqedonia

    Ajo që veçoi partia politike Rodina është për, siç treguan, mbrojtjen e fëmijëve dhe krijimin e një shtëpie dhe çati mbi kokë për të gjithë.

    Ata parashohin ndalimin e çdo indoktrinimi ideologjik apo tjetër të fëmijëve nga ana e organizatave politike dhe joqeveritare me principe, siç thonë ata, në kundërshtim me vlerat tradicionale maqedonase, komuniteti LGBT dhe ndikime tjera të huaja.

    Zhvillim të lirë të fëmijës në vlerat universale dhe tradicionale është edhe një ndër qëllimet e tyre programore, si dhe mbrojtja e fëmijës nga përmbajtje të cilat veç më janë pjesë e hapësirës mediatike maqedonase, ndërsa të cilët e kanë rolin e njëjtë të indoktrinimit ideologjik apo tjetër.

    Më tej, ata parashohin vendosjen e programeve sociale për zhvillim të komponentës sociale te fëmijët, të cilët janë gjithnjë e më të tëhuajësuar nga njëri tjetri, me shfrytëzim të tejmase të mjeteve elektronike.

    Rodina paralajmëron edhe mësin në një ndërrim në gjithë territorin e shtetit për planim dhe realizim më të mirë të aktiviteteve të lira dhe sociale.

    Po ashtu, programe për angazhim pune të të rinjve që nga mosha 16 vjeçare në kompani të cilat janë pjesë e zgjedhjes së tyre të profesionit me ditë pune prej 4 orë dhe subvencionim nga shteti.

    Partia parasheh në programin e saj projekt shtetëror “Shtëpi e lirë”, përkatësisht lirim të metrit katror me përdorim të materialeve ekologjike, shtëpi me efikasitet energjetik të ndërtuar në mjedise periferike dhe rurale për zhvillim të shëndetshëm të fëmijës dhe familjes me subvencionim, kredi me 1% interes dhe infrastrukturë komplete.

    Ata paralajmërojnë edhe politikë të re të banimit ku të rinjve do t’u mundësohet pavarësim me arritjen e moshës madhore, ndërsa qëllimi i tyre siç shtuan, është çelës në dorë me çmim prej 350 euro/m2 dhe 50% subvencionim nga shteti.

    ***

    Radio MOF së fundmi bëri edhe një anketë me të rinj, që t’i pyesim se çfarë presin nga Qeveria e re. Në mesin e pyetjeve ishin ndryshime në arsim, mundësi për përparim dhe punësim, përmirësim të standardit studentor, më shumë hapësira të gjelbërta dhe ndihmë më të madhe financiare.

    [Видео] Што очекуваат младите од новата Влада?

    Martin Koloski / Bojan Shashevski